• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Денеска во Охрид ќе се одржи граѓанска трибина како дел од кампањата „Ние сме Европа“

октомври 18, 2023
in Тикер
Денеска во Охрид ќе се одржи граѓанска трибина како дел од кампањата „Ние сме Европа“

Денеска во 18:00 часот во  Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи  отворената трибина на која ќе се обратат Бојан Маричиќ – Вицепремиер за европски прашања, Каја Шукова – Министерка за животна средина и просторно планирање и Н.Е Грегор Прескер Амбасадорот на Република Словенија и Љупчо Јаневски директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на настан од кампањата „Ние сме Европа“ во Охрид.  Темата на овој настан е членството во ЕУ од аспект на развојот на туризмот и бенефитите од инвестициите во ивотната средина.

Настанот е дел од напорите на Владата на Република Северна Македонија, за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија.

Секретаријатот за европски прашања како дел од кампањата „Ние сме Европа“ организира серија настани во повеќе градови низ државата, под мотото „Саем на европски вредности“. Настаните се од информативен карактер и имаат за цел да го продлабочат дијалогот со граѓаните за можностите и придобивките кои ги нуди пристапувањето и членството во ЕУ.

Кампањата „Ние сме Европа“ предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Охрид, Битола, Куманово, Штип, Скопје, Струмица, Тетово и Прилеп, во рамки на што се организираат трибини и средби со граѓани, кои соодветно за секој од градовите, обезбедуваат информации и отвораат точки за дискусија на неколку теми и тоа: инфраструктура, култура, енергетика, туризам, економија, млади, земјоделство и социјала. Активностите во секој од градовите ќе вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град.

Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн.

Публицитет.мк

Посетеност: 156
Share
Previous Post

Во чест на татко ми Симон Костовски (3.6.1953 – 16.10.2018).

Next Post

Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

Next Post
Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 156

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk