
На овој ден дипломирав, славевме магистратура на сестра ми… а има ли поголема радост за родителите од онаа кога децата успешно чекорат низ скалилата на животот. Горда на себе и своите постигнувања, благодарна за поддршката од моите најблиски, исполнета и со посебна радост оваа година го славам мојот најсреќен роденден. Благодарам на Бога за сите убавини и радости.
Посакувам да ми ги чува сите мои сакани и да нè заштитува секогаш. Оваа година две сонца ме греат, сонцето на животот и сонце што живот ми значи. Овој 27 роденден го имам мојот победник, имам 2 очиња кои најсилно сјаат и две мали рачиња кои најтопло ме прегрнуваат. Славам за секој момент на успех во животот и секое достигнување. И да, најбитна е среќата која сам ќе си ја создадеш. Семејството е среќа, благослов. Во семејството животот започнува, а љубовта никогаш не завршува.
Благодарам од срце на сите кои се присутни во мојот живот вистински. Благодарам за честитките по повод мојот роденден.
Публицитет.мк







