
Катерина Цаневска, по образование правник, долгогодишен новинар во МТВ и А1, сега надворешен советник на Претседателот.
Да се радуваме на секој миг, на секој нов ден и на секој нов роденден Јас се радувам на секоја моја година, бидејќи многумина ја немале привилегијата да ја доживеат.Денес сум постара од вчера, но помлада од утре.И со радост и исчекување го замислувам утрешниот ден а го прославувам денешниот роденден.
Јас сум инаку фан на сите прославувања: за Нова година, Божик, имендени и родендени. Радувањата, семејните собирања, дружбите со пријателите и најмилите се привилегија на сите, буквално од 7 до 77.Пресреќна сум кога ги читам сите пораки и честитки, сакам кога ќе ја почувствувам личната нота, искрените желби на вистинските и одбраните.Денешниот ден ми започнува работно, а потоа, се знае со најсаканите и најблиските, тие што мене ме сакаат и јас ги сакам.
Годинава роденденските свеќички ќе ги дувам со моите Тино и Аника а желбата…таа нели е тајна за да се исполни. А роденденската скара(можеби викендов ако се погоди времето) ќе ја направиме заедно и ќе ги прославиме овогодишните родендени со брат ми и семејството. Главно е да се радуваме на секој миг, на секој нов ден и на секој нов роденден. Ви благодарам на сите за убавите мисли.

Публицитет.мк







