Наташа Спасеска Сопственик и менаџер на Агенцијата за недвижности Капитал консалтинг Охрид.
Го започнувам овој ден со насмевка бидејќи сонцето ме разбуди и ме гушна во својата блескава прегратка. Денес е убав ден … денес ми е роденден! Се вртам назад и се присетувам на спомените од годината зад себе. Среќна сум и благодарна што Бог ме благослови со изминатата прекрасна година која ја одбележаа патувањата и спознавањето на досега неоткриени убавини и откривањето на нови животни хоризонти. Се погледнувам себеси и му благодарам на Бога за овој благословен ден. Здрава и жива сум. Тоа е бесценето. Погледнувам кон годината пред себе и посакувам на себеси и ближните добро здравје, среќа и убави моменти исполнети со љубов, почит и разбирање. Се радувам на сите луѓе Ангели околу мене без кои немаше да сум ова што сум денес. Ви благодарам и ве сакам бескрајно. Благодарам на Публицитет и почитуваниот и сакан уредник Милчо Јованоски како еден од моите Ангели што овој ден го правите посебен за мене. Денешната здравица е за убавите моменти и желби нови почетоци зошто животот е борба и стремеж кон подобро утре за сите луѓе на овој Свет. Да сте ми здрави и живи и за многу години.
Публицитет.мк