
Оливера Ширговска од Кичево, 23.02.1973 , мажена , мајка на два сина , автор на петнаесет книжни дела и една ситна честичка во универзумот , која живее за да гледа се’повеќе насмевки на лицата , оние кои излегуваат од душата.
Сакам да си останам дете во душата . Со невиност во погледот , среќа која ја дарува како благослов секому .Поинаку не знам . Нека овој ден , мој роденден биде светла патека по која ќе чекорат душите полни со љубов , здравје и убавина .Тоа е се што му треба на светот. ..
Овие педесет години ме научија дека чeкорот кон утрешнината го правиме сами , но убавината на душата никогаш не старее, човекот кој го носиме во себе си е најголемиот универзитет …
Ве сакам мои пријатели и Ви благодарам .. Цело е кога има се ‘ Оливера Ширговска.
Публицитет.мк







