• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 31, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Денес им е роденден: Саво Костадиновски

мај 30, 2023
in Uncategorized
Денес им  е роденден: Саво Костадиновски

Саво Костадиновски – машински техничар и мaкeдонски и германски поет, раскажувач,патописец,писател за деца и возрасни, прeпејувач.

Многу сум благодарен весникот ПУБЛИЦИТЕТ на објавата за мојот 73 годишен јубилеј. Секој роденден а така и овој е во различен амбиент, имено јас ќе го прославувам денес во Келн заедно со моите блиски пријатели.

Имено, јас оваа пролет имав можност поради сејмени обврски подолг период да престојувам во Англија, но и во Франција каде што ја напишав новата книга поезија „Една пролет во Париз“.

На моите родендени често пати сум напишал, дали некоја песна или некој запис, зависно од испирацијата. Пример, 2016 година роденденот го прославив во Стоунхенџ, каде што ја напишав песната „Во разврски со времето“

Во разврска со времето
(30.05.2016, Стоунхенџ)

Ќе успеам ли
преку овие стихови
капка време од мојот живот да влеам
во океанот на времето на Стоунхенџ
иако
овде по овие магични простори
историјата уште помагично се топи
во бездната на времето
каде што на смртта простор ѝ нема

Но овдека
додека песнава ми е
начин на толкување на времето
со метафори
и јас освоив малку време
секој да може да ме открие
доколку некој во иднина
со намера ќе почне
да чепка по нејзиниот идентитет
како јас по Стоунхенџ
и тогаш веднаш ќе се увери
по моето поетско време
токму на мојот роденден
во бесконечноста на времето.

Саво Костадиновски

Роден сум  на 30 мај 1950 год. во село Ботуше – Македонски Брод, Р.Maкeдонија. По катастрофалниот земјотрес во 1963 год. во Скопје, живеам надвор од границите на Македонија. Во 1971 се доселив во Германија. Вишо техничко училиште завршил во Келн, во градот каде што од 1973 год. постојано живеам. Како дводомен автор пишувам лирика и проза за деца и за возрасни на македонски и на германски јазик. За книжевни дела сум наградуван и преведуван на повеќе јазици. Застапен сум  во избори, лексикони, антологии во Македонија и во Германија. Активен член сум на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на германските писатели.
 
Публицитет.мк 

 

 

 

 
 
Посетеност: 110
Share
Previous Post

Три нешта можат да го уништат човекот: бесот, гордоста и непочитувањето

Next Post

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на “Гран при Зворник 2023“ освои 39 медали

Next Post
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на “Гран при Зворник 2023“ освои 39 медали

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на “Гран при Зворник 2023“ освои 39 медали

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk