Соња Алексоска – Неделкоска, новинар од Скопје.
Роденденот ќе го прославам во Штип. Ќе присуствувам на премиерата на претставата ,, Обвинителка,, со Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова и Сашо Ристовски кој е актер и нејзин режисер. Текстот е на мојот сопруг Огнен Неделковски. Ќе одиме во попладневните часови со моите најсакани, братучетка ми Евгенија и зетот Сашо. Прво во кафана на пастрмајлија, а потоа на претстава. Со нас ќе биде и син ми Филип. Интересна и необична прослава. Нешто поинаку од досегашните. Средбата со пријателките ќе ја организирам друг ден. Не е важно кога, битна е дружбата и убавата мисла.
Публицитет.мк