Сузана Прањиќ – Талевска. Односи со јавност МВР .
Јубилејните родендени се посебни! Не само поради нулата во нив, која означува броење од почеток, ниту поради нејзината заобленост, која генерално асоцира на полнотија и задоволство. Туку и поради фактот што пред да ја отвориш портата на новата деценија, те тера да се свртиш назад, да побараш до кај ти се распослала сенката по патеката на животот, по едни пати кривулкава и тесна, напати небаре широк булевар на метрополата, а за волја на вистината понекогаш и ќор-сокак…
И да се потсетиш на секое ‘падни-стани’ на тој пат, притоа простувајќи си за првото, заблагодарувајќи се за второто; за светлината и силата, за занишаниот показалец и подадената рака, за прекорниот збор и бодрењата, за љубовта и прегратките од моите најсакани, оти за ука биле – за да ги исполнам годините со живот, а не животот со години.
Ќе си посакам да продолжи чудесното патување наречено живот во добро здравје, љубов и среќа, со радоста на вечното дете во мене и сета патина на изоденото, со најсаканите крај мене и уште безброј колоритни сликички во животниот споменар.
Публицитет.мк