Љупчо Паункоски од Охрид.
Изгрејсонцата секогаш асоцираат на нешто ново , нов ден ,нов почеток, нов живот. Но сепак ние повеке преферираме да уживаме во заоѓањата на сонцето.
Седиш таму некаде покрај брегот и со поглед го испраќаш заоѓањето на сонцето немоќен да направиш ништо повеќе, а мислите , мислите лутаат некаде во далечината, во минатото . Навираат сеќавањата на некои многу поубави времиња од животот. Го гледаш залезот на сонцето и мериш уште колку има до неговото потполно заоѓање. А животот, животот ? Продолжуваш да чекориш и понатака по неговата бесконечна патека.
Што да кажам за себе ?
Во душата носталгичар и авантурист. Зад мене остануваат многу години на животно искуство и многу пропатувани дестинации од кои последните хрватското приморје и Истанбул.
Најголема сатисфакција ми е добивањето на највисокото признание , наградата Гранд При на 30 тиот фестивал Манаки за краток документарен филм , за филмот охридските хотели хотелот Радиќ . Тоа воедно е и сатисфакција за сето она што досега сум го сработал, за моите седум документарни филмови .
На повидок се и подготовките за осмиот , но засега тоа нека остане тајна.
Роденденот оваа година ќе го прославам во кругот на моето потесно семејство.
Голема благодарност до Публицитет портал кој прави напор и не запознава со многу драги личности од обичниот и бизнис живот.
Публицитет.мк