• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

ДЕНИ МОНТЕЗИ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА САН МАРИНО: Бој Џорџ не беше платен со милионски суми!

мај 25, 2026
in На минување
ДЕНИ МОНТЕЗИ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА САН МАРИНО: Бој Џорџ не беше платен со милионски суми!

Славниот британски пејач Бој Џорџ, предводникот на групата Culture Club оваа госина имаше улога на овогодинешниот Eurovision Song Contest, откако се приклучи како автор во музички проект на италијанската пејачка Сенхит и го претставуваа Сан Марино заедно со песната “Суперстар”. За жал не влегоа во финале, беа 14. во првото полуфинале.

Тој учествуваше како коавтор и придружен вокал во песната, се појави на сцената неколку секунди, но факт го украде шоуто за време на евровизиската недела- каде и да се појавеше беше хит и најголема ѕвезда.

Откако отпаднаа од понатамошно натпреварување јавно се заблагодари на социјалната мрежа X, истакнувајќи дека искуството било фантастично и дека соработката ќе продолжи со заеднички настап во јули во Милано.

Имаше разни верзии дека намерно испаднале за да добие поголема публицитет, дека е платен со милионски суми, па дури и дека не е вистинскиот Бој Џорџ.

За сѐ околу тоа поразговаравме со господинот Дени Монтези, шефот на евровизиската делегација на Сан Марино, кој срдечно и искрено ни одговори на нашите прашања.

*Господине Монтези, Бој Џорџ навистина ја затресе евровизиската сцена. Бој Џорџ беше одличен избор за повозрасните генерации, но помладите генерации не знаат толку кој е тој. На Евровизија знаеме дека младите гласаат, а повозрасните гледаат. Како дојдовте до идеја да го поканите Бој Џорџ да биде дел од вашиот тим?

Дени Монтези: Идејата не потекна од нас, туку од Сенхит, која учествуваше на селекцијата, односно финалето на натпреварот на Сан Марино. Таа ја освои националната селекција за Евровизија, па затоа го следевме нејзиниот проект.

*Се согласувам дека Бој Џорџ е светска икона, јас како дете го обожавав, но се согласувам и дека луѓето под 30 години многу малку навистина го познаваат, иако сите ги знаат неговите песни, дури и помладите. Дали би било подобро тој да останеше подолго на сцена и да пееше заедно со Сентих, за да иницираше повеќе гласачи?

Дени Монтези: Не, за тоа немам информации. Нашата улога не е тоа. Нашата улога е да го земеме победникот на националната селекција и да го однесеме на Евровизија на најдобар можен начин. Мислам дека сценскиот настап беше лудо добар, прекрасен. Делот околу тоа како е напишана песната не е нешто што ние го знаеме. Знам дека ќе излезе видеоспот кој мислам дека целосно го работел Бој Џорџ, ќе излезе и ремикс на Бој Џорџ, а понатаму не ги знаеме тие механизми како функционираат.

  • Никогаш не знаеш што ќе се случи на Евровизија, дали ќе победиш или не, но конечно оваа година ќе бидете запаметени засекогаш и сите зборува за Сан Марино.

Дени Монтези: Тоа не беше целта. Немавме големи очекувања, бидејќи за Сан Марино самото влегување во финале, според мене, е победа.

*И минатата година имавте прекрасна песна, не помина во финале, но беше прекрасна….Имам само едно прашање: Бој Џорџ беше ли многу скап?

Дени Монтези: Тие си направиле нивна внатрешна пресметка, јас тие работи не ги знам и мислам дека тоа не е нешто константно.

*А кој ги плати? Немаше милионски суми?

Дени Монтези: Апсолутно не, немаше никаков хонорар од страна на Сан Марино, апсолутно не. Потоа, ако тој учествувал во пишувањето на песната, можеби сакал дел од авторските права за песната. Во секој случај, се роди едно прекрасно пријателство помеѓу Сенхит и Бој Џорџ, па мислам дека другото е прашање на продукцијата.

*Тој кажа дека е задоволен од секој момент овде. Дали и Вие сте задоволен од целото време што го поминавме заедно?

Дени Монтези: Јас да, затоа што запознав прекрасна личност, многу достапна, насмеана, а неговата насмевка се пренесуваше и на нас. Длабоко сме импресионирани од неговиот начин на однесување, од неговата симпатичност, елеганција и коректност. Не одби ниту едно интервју, навистина беше многу пријатна личност и искрено, дури имавме сомнеж дали тоа ќе биде така.

*Ви благодарам многу…

Валентина Ѓоргиевска Парго

Copyright

Спонзор на патувањето “Фудекс” Белград
Публицитет.мк

Посетеност: 2.521
Share
Previous Post

ЕКСКЛУЗИВНО СО ЕВРОВИЗИСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ТОМАС ФОРСТНЕР: Со мојата сакана сопруга живееме мирен живот!

Next Post

Многу се преправаат дека ве сакаат а вие се преправате дека им верувате

Next Post
Многу се преправаат дека ве сакаат а вие се преправате дека им верувате

Многу се преправаат дека ве сакаат а вие се преправате дека им верувате

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 2.521

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk