• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

ЕКСКЛУЗИВНО СО ЕВРОВИЗИСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ТОМАС ФОРСТНЕР: Со мојата сакана сопруга живееме мирен живот!

мај 19, 2026
in На минување
ЕКСКЛУЗИВНО СО ЕВРОВИЗИСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ТОМАС ФОРСТНЕР: Со мојата сакана сопруга живееме мирен живот!

Поканата да гостувам на програмата на Националната австриска ОРФ, на самото свечено отворање на Евровизија 2026 на Тиркизниот тепих, ми донесе двојна професионална чест- ден потоа да се биде пред микрофонот на најпознатиот радио водител на земјата домаќин и во најпознатото радио шоу, а потоа да се има пред микрофонот едно од најомилените евровизиски пејачи.

Беше среќна околност на судбината ако некогаш, во далечната 1991 година со “Венеција под дожд” (слободен превод)  пејачот ги освои моите симпатии, овој пат во “Виена под дожд” со чадор пред Редакцијата ме пречека нивниот љубезен продуцент, и ме смести пред студиото во кое пред мене е – само еден гостин.

Гостинот кога влезе, нѐ поздрави, ги освои сите пред студиото со својата појава и насмевка, заврши со своето гостување и замина. А јас го прашав продуцентот дали ќе може да го искористам моето гостување да го споменам мојот омилен австриски претставник и омилена песна, иако тоа малку е приватно, а тука сум поканета како новинар.

-Господинот Фортстнер? Но тој  беше тука пред малку, и седнеше на Вашето столче, помина покрај вас се поздравивте, ми рече .

– Навистина? Ја препознав неговата физиономија, но не и него целосно. Се променил. Поминале многу децении.

****

Неколку денови потоа специјално дојде на нашето интервју, се сретнавме напладне пред сѐ уште празната голема евровизиска сцена за евровизиските концерти и продолживме кон блискиот парк, до каде не допираше толку силната музика од звучниците. 

-Добредојвте пред мојот микрофон овојпат, и првото прашање што сакам да Ви го поставам е: Како се чувствувате оваа година на Евровизија? Бидејќи имате многу активности во Евроклубот, и како пејач и како некогашен претставник, а публиката навистина ве сака.

Томас Форстнер: Да, овојпат е навистина прекрасно. Луѓето се луди, луди од љубов кон Евровизија. Сите се на улиците, сите пеат, медиумите се целосно вклучени во приказната. Има многу, многу приказни. Покануваат многу уметници, поранешни учесници кои не сме ги виделе со години. Навистина е прекрасно повторно да се соберат сите и повторно да се видат. И да, ние го обожаваме тоа.

*Па, во суштина нема “поранешен претставник”. Еднаш крал — засекогаш крал, знаете како велат. Ако еднаш пеете на Евровизија, засекогаш сте претставник. Но, Вие бевте два пати- крал. Првиот пат со многу убава песна, во 1989 година, вториот пат со мојата омилена. Првата песна ја испеавте во Швајцарија и во навистина силна конкуренција завршивте на петто место. 

Томас Форстнер: Тоа беше прекрасно!

*Тоа беше и голем успех за еден млад и тогаш многу популарен пејач од Австрија. Како се чувствувавте?

Томас Форстнер: Беше неверојатно. Никогаш претходно немав настап пред толку многу гледачи, толку многу луѓе што те следат. Тоа беше многу интересно за мене. И да, по Швајцарија… како да кажам… Евровизија многу се промени низ годините. Тоа беше пред многу време, пред 37 години. Евровизија се менуваше во меѓувреме. Натпреварот секоја година повторно се “измислува” себе си. Имаше свои врвови и падови, но сега повторно е на врвот и тоа е прекрасно.

*Да, тоа најпознатиот фестивал во светот. Таа година Вие отпеавте многу убав текст тогаш и пеевте за нешто многу важно — за мирот, за човечноста, за тоа да бидеш добар и нежен човек. Навистина прекрасен текст.

Томас Форстнер: Да, и денес е уште поактуелен од порано. Повторно имаме војни во светот. Луѓето живеат во страв. Затоа текстот на песната денес е многу современ и актуелен.

*Кој ја избра таа тема?

Томас Форстнер: Текстописецот на песната. Не беше моја идеја. Јас ја добив песната кога веќе беше готова. Само ја изведував. Немав можност да работам на неа. Ја добив  песна  готова од Дитер Болен и текстот од Јоаким Хорн Бернгес, многу познат текстописец од Германија. И да, направи навистина добар текст.

*Колку таа песна Ви го промени животот?

Томас Форстнер: Целосно. Ми го промени животот на подобро, до денес. Евровизија беше и станува сѐ поголема. Но, оваа година, како што кажав, е неверојатно. Сите се дел од приказната. Сите се среќни. Сите навиваат. И тоа е прекрасно.

*Ја запознавте Селин Дион тогаш?

Томас Форстнер: Имав можност неколку минути да разговарам со Селин. Но, секако, тоа не беше длабок разговор. Таа пееше таму, победи претходната година, а кога јас бев таму, повторно ја изведе песната. И многу сум среќен што ја видов. Но немаше вистинска поврзаност со другите делегации. Сè беше многу приватно. Не беше како денес. 

*Денес Евровизија е едно семејство.

Томас Форстнер: Точно. Во минатото беше повеќе како ексклузивен настан. Имаше медиуми и новинари, но беше многу обезбедено. Не можеше лесно да излезеш надвор. Контактот со фановите беше ограничен. Денес ништо од тоа не е постои.

*Но, и немаше толку многу фанови како денес.

Томас Форстнер: Да. И тоа ми се допаѓа. Тоа е најдобриот начин да се ужива во Евровизија.

*Таа година победи “Рива” од Југославија и Евровизија се пресели во Загреб, во салата “Ватрослав Лисински”, а по победата на Тото Котуњо во Загреб, ете ја Евровизија во Чинечита во Италија, каде бевте и Вие.

Томас Форстнер: Да, во 1991 година!

*Имавте фантастична романтична песна, класична балада, која како да не можеше да се натпреварува со другите жанрови. Многу многу силна конкуренција, и за жал  завршивте на 22. последно место, без поени. Но песната беше интересна и креативна, и текстот исто така. Кој го напиша текстот?

Томас Форстнер: Искрено, не се сеќавам на името, бидејќи беше одамна. Но, беше австриски текстописец и направи одлична работа. (текст Уберт Мосер новинар, композитор Роби Мусенбишлер, Волфганг Елтнер, н.з.). 

*Ја сакавте таа песна?

Томас Форстнер: Да, ја обожавам, секако, но “Nur ein Lied” е голем хит во Австрија. Но, “Venedig im Regen” беше малку потценета поради последното место и нула поени. Тоа беше многу тешко за мене.

*Навистина?

Томас Форстнер: …имаше многу проблеми тој ден. Не беше само моето пеење. Имаше технички проблеми во Чинечита. Луѓето во салата беа воодушевени, им се допадна. Но кога се вратив дома и го видов настапот на телевизија, почнав да сфаќам зошто било така. Не беше мојот најдобар ден. Имавме технички проблеми, не можев добро да се слушнам додека пеев. И на крајот тоа си го направи своето.

*Што кажа австриската публика по тој настап? Дали се промени нивниот однос кон Вас?

Томас Форстнер: Публиката, не. Интересно, публиката беше многу љубезна и добра. Проблемот беше повеќе со медиумите.

*Беа сурови со Вас?

Томас Форстнер: Кажаа некои работи што не беа многу убави. Но публиката веруваше во мене, им се допадна песната и ја сакаа. Само што не беше толку голем хит како “Nur ein Lied”.

*Луѓето овде многу Ве сакаат. Велат дека сте многу љубезна личност, културен, воспитан и приватен човек. Не го изложувате приватниот живот пред медиумите. На тој начин си ја чувувате приватноста. 

Томас Форстнер: Искрено, нема голема разлика меѓу приватниот и професионалниот Томас Форстнер, бидејќи отсекогаш сум бил многу искрен и природен. И знам дека кога ќе станеш ѕвезда, тоа е поради луѓето, поради фановите. Затоа секогаш сум бил близок со нив.

*Сè уште пеете?

Томас Форстнер: Да, но не професионално како порано. Повеќе за душа и лично задоволство. Но секогаш кога доаѓа Евровизија, доаѓаат и настапите, и повторно имам можност да ги пеам песните. И тоа е прекрасно.

*Каде живеете во Австрија?

Томас Форстнер: Моментално во Корушка ( Картнен), на југот на Австрија. Живеам таму со сопругата, имаме куќа во шума, на планина. Целосно сме сами таму. Имаме и овци за кои се грижиме. Ги спасивме, им ги спасивме животите, и сега живеат кај нас без страв.

*Каков прекрасен живот. Имам повторно евровизиско прашање за Вас. Оваа Евровизија има нешто што Ве поврзува Вас и Бој Џорџ, кој  беше дел од делегацијата на Сан Марино. Тој пееше антивоена песна – “The War Song” во 1984. Тоа беше причината да стане мој идол кога бев мала, затоа што сакам антивоени пораки и мир.

Томас Форстнер: Би сакал да настапувам со него. Тој е огромна ѕвезда. Го обожавам. Мојата сопруга е голем фан на Бој Џорџ. Тој ѝ го промени животот, особено со стилот и со тие работи. За жал, не успеав да го сретнам оваа година, но би сакал.

*Вашата сопруга е од Австрија?

Томас Форстнер: Да, од Виена. Ја запознав на избор за Мис Австрија.

* Како се вика?

Томас Форстнер: Бјанка Форстнер.

*Аха е сетив. Многу е убава.

Томас Форстнер: Многу ја сакам.

*Вие сте среќен човек. Би се вратиле ли на Евровизија ако Ви понудат повторно да настапите?“

Томас Форстнер: Ако Ед Ширан ми напише песна – веднаш доаѓам. Ха ха. Очигледно. Не да велам- нема Евровизија, не повторно. Го направив тоа двапати. Едниот пат завршив многу добро, едниот пат лошо. Секако, може да има нешто помеѓу.

*За Австрија или за која било земја?“

Томас Форстнер: Може за која било земја. Зависи од песната и од целиот концепт. Но ако некој ме покани со добра песна – зошто да не?“

*Беше прекрасно да разговарам со Вас. Испраќам многу поздрави и прегратки до Вашата прекрасна сопруга Бјанка. Би сакала да ја запознам еден ден.

Томас Форстнер: Ви благодарам уште еднаш за ова прекрасно интервју. Ми беше задоволство. Повелете вечер во евровизискиот клуб, “Вашата песна” ќе ја пеам и изведувам на пијано…

*Колку би сакала…

Валентина Ѓоргиевска Парго 

copyright 

Спонзор на патувањето Спектра турс Скопје – Фудекс Белград 

Публицитет.мк

Посетеност: 2.624
Share
Previous Post

Од другата страна на Канео – фото: Милка Ристовска

Next Post

ДЕНИ МОНТЕЗИ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА САН МАРИНО: Бој Џорџ не беше платен со милионски суми!

Next Post
ДЕНИ МОНТЕЗИ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА САН МАРИНО: Бој Џорџ не беше платен со милионски суми!

ДЕНИ МОНТЕЗИ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА САН МАРИНО: Бој Џорџ не беше платен со милионски суми!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 2.624

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk