Специјално од Виена Валентина Ѓоргиeвска Парго
10 Мај 2026
Во Виена, градот на културата и совршенството, вечерва официјално отпочнува Евровизија со дефиле на Тиркизниот тепих на претставниците на земјите учеснички и на делгациите.
Преку 70 земји ќе бидат дирекно вклучени во целиот спектакл, кој годинава се очекува да биде најгледан во историјата, а 35 ќе се напреваруаат за победа, преку две полуфинални и една финална вечер.
Градот е преполн со туристи и фанови за кои деновиве ќе се одржуваат таканаречени “проби” со оригиналната програма од полуфиналните и финалните вечери.
Евровизија отсекогаш била повеќе од музички натпревар — таа е симбол на поврзување, културен дијалог и надеж дека различните народи можат да бидат заедно преку песна, уметност и човечност.
Нехзината посветеност кон идејата за мир, спојување на нациите и подобра иднина за младите генерации совршено го отсликува духот на Eurovision Song Contest 2026 и мотото „United By Music“.
А Виена годинава навистина изгледа како светски центар на таа идеја — место каде што Европа и светот се среќаваат во музиката.
Илјадници фанови ќе уживаат во магијата на Eurovision Song Contest 2026, во музиката, светлата и сите тие емоции што само Евровизија знае да ги донесе.
Ова е јубилејно 70. издание на Евровизија. Домаќин е Австрија по победата на JJ со песната Wasted Love во 2025 година. Виена по трет пат е домаќин на Евровизија, по 1967 и 2015 година. Натпреварот се одржува во Wiener Stadthalle.
Прво полуфинале на 12 мај 2026. Второ полуфинале – 14 мај 2026. Големо финале на 16 мај 2026. Официјалното мото е: “United By Music”. (Ова веќе неколку години е трајното мото на Евровизија).
Во Wiener Stadthalle е главната арена во Раутпалц е таканареченото евровизиско село и јавните проекции. Во Пратер Доме е официјалниот Еуроклуб.
Свеченото отворање и Тиркизниот тепих се вечерва на 10 мај во центарот на Виена. Учествуваато 35 земји.
Неколку земји годинава најавија бојкот поради политички причини, конфликтот на Израел и Палестина, па бројот на учесници е помал од вообвообичаеното. Тоа се Шпанија, Словенија, Исланд, Ирска и Холандија.
Фаворити за победа се претставниците на: Грција и Финска .Домаќинот Австрија го претставува Cosmó со песната „Tanzschein“.
Атмосферата во Виена е фантастична. Градот буквално живее за Евровизија:. Има специјално брендирани трамваи и метро, фан-зони низ центарот, концерти и ESC-настани низ цела Виена, огромен број фанови и новинари од цел свет.
Ова е токму историска евровизиска година.
Инаку, до новинарите се обрати д-р Михаел Лудвиг, градоначалникот на Виена, кој објасни зашто градот – со своето богато музичко наследство, меѓународен дух и жива креативна сцена – е совршен домаќин на Eurovision Song Contest 2026. Градоначалникот исто така им посакува добредојде на посетителите од цела Европа и пошироко, поканувајќи ги да ги доживеат знаменитостите, звуците и гостопримството на оваа голема културна престолнина.
И, да кажеме, на Евровизија 2026 во Виена оваа година учествуваат 35 земји: Албанија, Ерменија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција,Грузија, Германија, Грција, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија Црна Гора, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Шведска, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство. Директно во домаќинството Австрија и големата творка: Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство.
Спонзор: Спектар турс ФУДЕКС.

Copyright
Публицитет.мк








