Денеска – среда во 12 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде отворена самостојна изложба на Слаѓана Кировска.
Во нејзиното творештво најзастапени се пејзажи, цвеќиња и апстракции. Таа ликовните дела најчесто ги работи на стакло.
Кировска е родена 1971 година и зад себе има неколку изложби, но и групни претставувања низ Македонија. Живее во Скопје и рабови во Националниот конзерваторски центар.
Љубителите на уметноста изложбата во Охрид ќе можат да ја видат до петок – 18 јули попладнето.

Публицитет.мк