Во текот на месец мај успешно беше реализиран проектот „Класичните тонови во бои и зборови преку детските очи“, поддржан од Општина Охрид во рамки на Програмата за култура за 2026 година.
Проектот беше реализиран со деца на возраст од 8 и 9 години, кои преку слушање класична музика, цртање и креативно пишување имаа можност да ја доживеат уметноста на еден поинаков, интерактивен и инспиративен начин.

Во рамки на работилниците учениците слушаа класични композиции, ги преточуваа своите емоции во ликовни творби и создаваа кратки текстови инспирирани од музиката. Проектот придонесе за развој на креативноста, емоционалната интелигенција, музичката култура и љубовта кон уметноста кај најмладите.

Проектот беше реализиран од: Ана Ѓорѓиоска – професор по пијано во соработка со Нина Момировска – професор по флејта и Маре Ѓорѓиоска – одделенски наставник.
Благодарност на сите ученици, родители и соработници кои беа дел од ова прекрасно музичко и креативно патување.
Публицитет.мк







