Вечерва од 19.30 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата МАЛЕСИЈА НИЗ СТАРИТЕ ФОТОГРАФИИ.
-Низ ретки и вредни фотографии ќе се раскаже приказната за традицијата, животот и духот на Малесија, вели организаторот на изложбата Љупчо Паункоски и додава:
-Дојдете заедно да ги оживееме спомените, народната носија, традициите и духот на едно време зачувано низ старите фотографии.
Изложбата е под покровителство на Завод и Музеј – Охрид, Фото Клуб – Охрид и Општина Охрид.

Публицитет.мк








