• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница – Охрид

август 21, 2023
in Тикер
Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница – Охрид

Лапароскопската хирургија претставува минимално инвазивна хируршка метода која за разлика од традиционалната отворена хирургија (каде што се употребува голем хируршки рез), овде се користат 3 до 5 мали отвори (портови) низ кои се внесуваат многу мали прецизни современи инструменти за извршување на операции од најразлична патологија вклучително на простата и бубрег.

Има повеќе предности за пациентот со користење на оваа метода: помала траума за стомачните органи, помала загуба на крв, неспоредливо помала постоперативна болка, подобри естетски резултати, далеку побрзо закрепнување и пократок престој во болница и побрзо враќање кон нормалните секојдневни и работни активности.
Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница – Охрид, каде што тимот од одделот за Урологија предводен од д-р Томислав Мостров – специјалист по уролошка хирургија заедно со анестезиолошкиот тим предводен од д-р Магдалена Митреска-Пулческа – специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување, за помалку од една година успешно изведоа над 20 лапароскопски уролошки процедури од кои 10 радикални лапароскопски простатектомии поради карцином на простата и патологија на бубрег и варикозни вени на тестис.

368144511 773766201212192 3341158240625235492 n

Воедно сакаме да изразиме голема благодарност за несебичната соработка на нашата болница со Универзитетската Клиника за Урологија – Скопје, чија што помош и водство започна под менторство на проф. д-р Сотир Ставридис а соработката продолжи и понатаму со асс. д-р. Јосиф Јанчулев, вели во објавата на социјалните мрежи  в.д. директорот на ЈЗО Општа болница Охрид д-р Асен Шајн. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 149
Share
Previous Post

ФК Воска Спорт – ФК Вардар 3-2 (2-0)

Next Post

Маестрална театарска игра на Драмски театар Белград го затвори 63-тото „Охридско лето“

Next Post
Маестрална театарска игра на  Драмски театар Белград го затвори 63-тото „Охридско лето“

Маестрална театарска игра на Драмски театар Белград го затвори 63-тото „Охридско лето“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 149

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk