
Екипата на Воска Спорт против екипата на Вардар стигна до првата историска победа од 3-2 во Првата лига во рамки на третото коло.
По двата порази на стартот од сезоната Воска Спорт во еден квалитетен натпревар стигна до прва победа.
Јунак на натпреварот беше Ален Јашароски кој со постигнатиот хет-трик практично ги запечати сите надежи на Вардар за евентуален позитивен резултат.
И така е тоа кај нас кога мислиш дека се е готово и кога екипата ќе се опушти може да дојде и до несакан епилог кој на крај би рекле среќно се заврши.
Имено кога Вардар имаше дури и три гола негатива при самиот финиш вардарци искористувајќи ја опуштеност кај домашната екипа но би рекле доцна се разбудија во финишот од натпреварот постигна само два гола за конечни 3:2.
Интересен случај се случи на крајот од првото полувреме кога “Комити” ги повикаа играчите на Вардар да дојдат до трибината за да добијат “лекција” по негативата од 2:0 од Воска Спорт на полувреме.
Во второто полувреме после двата гола на Јашароски во првиот дел на стартот од вториот дел повторно Јашароски постигна гол за 3:0.
Во финишот на мечот како што рековме Вардар со прекрасниот гол на Глишиќ од слободен удар намали на 3:1 за во судиското надополнување Жоглев да успее само да намали на конечни 3:2.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк







