• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, октомври 11, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Менталното здравје приоритет, а не опција!Грижата за својата ментална благосостојба треба да биде императив!

октомври 9, 2026
in Актуелно
Менталното здравје приоритет, а не опција!Грижата за својата ментална благосостојба треба да биде императив!

  Живееме во ера на ’’хронична зафатеност’’, каде што мозокот ни е постојано бомбардиран со вести и информации, што го држи нашиот нервен систем во постојан дефанизивен режим (стрес). Често, менталното здравје станува прва ‘’жртва’’ на нашиот пренатрупан распоред и постојан прилив на информации.

На 10 октомври се одбележува Светскиот ден на менталното здравје. Овој ден е воспоставен од 1992 година, на иницијатива на Светската здравствена организација и Светската федерација за ментално здравје, со цел подигнување на свеста, привлекување глобално внимание кон прашањата, предизвиците и важните теми поврзани со менталното здравје.

Статистиките на Светската здравствена организација покажуваат дека речиси 1 милијарда луѓе во светот или секој седми човек, живее со некаква форма на ментално нарушување. Овој факт не е воопшто за занемарување, туку напротив ја прави оваа тема поважна од кога било.

Во ова динамично време на секојдневни обврски, брз начин на живот, склоноста да ги ставаме обврските, роковите и туѓите потреби пред грижата за сопственото ментално здравје, придонесуваат да го занемаруваме сопствениот ум и тоа најчесто не се случува намерно, туку суптилно, преку секојдневни навики како:

-игнорирање на заморот и кратење од сонот му ја одзема на мозокот неопходната можност да ги процесира информациите и да се регенерира,
-поттиснување на емоциите односно игнорирањето на стресот, тагата, фрустрацијата на долг рок создава ментален товар кој се манифестира преку хроничен замор и анксиозност,
-автопилот и рутина или извршување на секојдневните обврски механички, без свесност за сегашниот момент доведува до ментална стагнација и губење на креативноста,
-недстаток на ментални предизвици како учење нови вештини, читање книги со што мозокот ја губи својата невропластичност, односно способноста за прилагодување и развој,
-мултитаскинг или обидот да се прават повеќе работи одеднаш го засегнува вниманието, ја зголемува менталната исцрпеност и ја намалува ефикасноста,
– постојана достапност и прекумерно дигитално консумирање т.е бесцелното ‘‘скролање‘‘ по социјални мрежи го преоптоваруваат мозокот и ја намалуваат способноста за длабок фокус.

Доколку веќе имате желба да конзумирате електронски содржини, наместо пасивно ‘’скролање‘‘, направете свесен избор на содржини кои можете да ги искористите за доедукација и подобрување на целокупното здравје.

Најбитно е да знаеме дека нема здравје без ментално здравје. Менталната благосостојба е нераздвоен и суштински дел од целокупното здравје на човекот.

Секој човек може, а и треба да воведе едноставни, но моќни чекори за зачувување и унапредување на својата ментална благосостојба како:

1. Редовна физичка активност, здрава исхрана и квалитетен сон – сето ова го намалува стресот и анксиозноста преку лачење на хормони на среќа.
2. Квалитетно управување со стресот, применување техники на опуштање и поставување јасни граници. Често велиме ‘’да’’ на другите, а несвесно си велиме ‘’не’’ на самите себе, а токму тоа, проптоварувањето со туѓите очекувања е најкраткиот пат до емоционална исцрпеност.

3. Воведување дигитален детокс – преку воспоставување утринска и вечерна рутина без екрани барем 30-60 минути по будење/пред спиење, ќе му помогнете на мозокот да се регенерира.

4. Бидете присутни во сегашниот момент, со свесност во секој момент.

5. Рушење на стигмата преку отворен разговор, побарајте помош. Најголема заблуда е дека со сè мораме да се справиме сами. Разговорот со професионалец, стручно лице, не е знак на немоќ, туку врвен чин на храброст и одговорност кон себе.

Да се грижиме за себе, значи да си дадеме дозвола да чувствуваме, да застанеме, да побараме помош и повторно да се пронајдеме.

Грижата за себе не е себичност. Не можете да точите од празен бокал. За да бидете добри за другите, прво мора да бидете добри за себе.

Пишува:

Публицитет.мк

Посетеност: 348
Share
Previous Post

ИНТЕРВЈУ СО СЛОБОДАН СТОЈАНОВИЌ: Музиката нѐ поврзува и со тлото под нозете и со Вселената!

Next Post

Младински Центар Охрид организира Youth Circle за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје

Next Post
Младински Центар Охрид организира Youth Circle за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје

Младински Центар Охрид организира Youth Circle за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 348

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk