Тој и виолината се неразделни. Како ученик во основно му ја купил татко му и единствено без неа бил во ЈНА до заклетвата кога во Пула му ја носи мајка му. И оттука со право охриѓани за да ви посочат на кој Ристе Наумовски мислат ќе ви речат само Ристе Виолинчено .
Од него извира музика, извираат ноти, пее заедно со тајфите во Охрид како што вели по кафаните а забележани се и неколку негови соло снимки, отпеани по фестивалите.
Ми вели: „Јас сум контроверзна личност. Да прашаш десет луѓе во Охрид, девет од нив ќе ти речат тој не е нормален.“

Но ,мене во ова „испровоцирано“ интервју и правено невообичаено по телефон, бидејќи се слуша мојата засипнатост а и неговата „итност“ дека треба да биде снимено и монтирано денес ( вчера 25 октомври ) ме интересираше само неговиот осет за музика. Неговиот музички пат од кај чичко Номче Гавриловски, до Академското КУД „Бранко Крсмановиќ“во Белград . Таму стигнал по усна препорака од д-р Ѓоко Константинов, како слушнете во аудиото.

Со посебна почит зборува за композиторот Григор Копров, за почетоците ка Ристе Момир,за дружбите и песните кај Митко Пендов во „Света Софија“ а ги споменува и останатите музички соработници: Наум Петрески, Благица Павловска, Виолета Томовска, Гоце Џуклески, Јовица Каралиевски, но и легендите охридски Томчо Балабан и Климе Четкар, со кого се дружи и денес а неговата виолина и пее и плаче во култните кафеани.

Слушнете и уживајте во музичките ноти…
Со Ристе Наумовски разговара Милчо Јованоски
Фото: ФБ – Ристе Наумовски
Публицитет.мк








