Во 2013 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13 февруари. На овој ден се слави радиото како медиум кој образува, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.
Во личната архива на поранешниот новинар , уредник и директор на Радио Охрид Милчо Јованоски остана забележана и една наградена емисија под наслов ЌЕ НЕ БИДЕ ИЛИ НЕ? посветена на опстанокот на радио Охрид и останатитре 29 радиостаници во Македонија.
Емисијата е реализирана во декември 2005 и таа се закити со прва награда на Деновите на македонските радио станици. Оттогаш радио Охрид успеа да се трансформира но во 2016 во еден турбулентен процес за жал згасна.
Оваа емисија е сведоштво на еден ентузијазам желба за радионовинарството и приврзаноста кон куќата крај Чинарот.
Некои од гласовите – колегите не се меѓу нас. Останува сеќавањето на нив и преубавите времиња . И денес кога ќе јас слушнеме шпицата со незаборавната Билјана за миг помислуваме на тоа време.
Вреди да се слушне
Публицитет.мк








