• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

„Охрид – љуѓе и марифети“ од Томислав Тунтев: ШЕСНEДЕЛИ

февруари 13, 2026
in Во потрага по трајната убавина
„Охрид – љуѓе и марифети“ од Томислав Тунтев:                      ШЕСНEДЕЛИ

Пред околу шест недели во присуство на бројна публика беше промовирано најновото дело на д-р Томислав Тунтев „Охрид – љуѓе и марифети“. Оваа книга задолжително треба да ја има секое семејство од Охрид кое е емотивно поврзано со градот , особено со стариот дел Варош. Од низата приказни д-р Тунтев на наше барање ни отстапи три – една по една ќе ги објавуваме на Публицитет.мк, Прочитајте ја втората . „Охрид – љуѓе и марифети“ може да се купи во книжарницата Просвета во Охрид.

Четриесет дена или шеснeдели е најколандерѝсвен временски период во животот на охриѓани. Ногу работи шо везден им се случвет на љуѓето, ногу правила – писани и неписани – шо се поштóвет од сите, и ногу појави шо ги имат во природата, имет врска со шеснeдели. Кого и да опиташ – за колкýвреме ќе бидит то и то – ти велит – за шеснeдели. За шо и да станвит збор, нешчо шо требит допрва да биднит, времето се знајт – шеснeдели. Ко некој марифет да е врзан со тој периóд од четриесеттина дена. Чудесија е како се измислени, како се наместени, и како се одвивет некој ногу битни тертипи, шо биле и се од големо значение за катадневното битисвејне, а трает токму шеснeдели.

            Коска скршена к‘ј помлад чоек, на р‘ка или на нога, зараствит во гипс за шеснeдели.

Молитва в црква за новородено бебе се прајт на шеснeдели од рожџајнето – мајката до шеснeдели е леунка, и не излегвит надвор óддома, ни таја, ни бебето, до молитвата. Жените целосно прекинвет со крварејне шеснeдели после порожџајне, и зато тогаш им било дозволено да влезет црков, од ко ќе се „ишчѝстет“. Првиот преглед к‘ј гинеколог за бременост порано се праел на шеснeдели од зачвејнето. Абортус било забранато да се прајт после шеснeдели од забременвејнето.

Најголемата рисјанска задуша, во спомен на умерниот, се прајт на шеснeдели од умирачката.

Христовото Вознесéње е на Спасовден, шеснeдели по Велигден. Велигденските пости почвет на Поклади, седум недели пред Велигден – чисти шеснeдели, пљус една пречиста недеља. И постот за Божик, или Филипóјпост, почвит шеснeдели порано, после дента ко ќе се славит споменот на светиот апостол Филип.

Светите четриесет м‘ченици од Севастија во 320 година цели шеснeдели биле држени и м‘чени во зандани од Римјаните, пред да бидет погубени, зато шо не сакале да се откáжет од рисјанската вера.

Душевно болните пациенти во манастирот Св. Наум, кун крајот на XIX век, биле третирани со стриктна прехрамбена терапија: биле држени шеснeдели во самица, само на леб и киселина, и то еднуш денот.

Шеснeдели телевизор не се пушчаше да работат в куќа и шеснeдели не можеше телевизија да се пулит ко ќе умреше некој близок во фамилијата.

На зарзаватот му требет шеснeдели да поминет од садејнето за да узрејт, и да бидит азар за јадејне.

Шеснeдели требит да поминет за да узрејт грозјето на пенушките во лозјата во летниот периóд.

Шеснeдели требит да поминет за да се сторит виното од грозјето шо е фрлено во бочките.

Шеснeдели требит да поминет за да се скислит зељката и да се сторит расолот во кацата.

Трева никвит за шеснeдели.

Мечките се будет од зимски сон на Сретéње Господово, шеснeдели после Божик; ак останет будни, значит почвит пролет; ак се вратет в пештера, значит оту зимата ќе трајт ушче шеснeдели.

Татиљот траел шеснeдели.

Н‘ршејнето на пастрмката трајт шеснeдели.

Фестивалот Охридско лето катагодина трајт шеснeдели, од Петровден, до Преображение Господово.

            Во XIV век, ко се појавила големата црна чума во Еврóпа и Азија, шеснeдели траел обавезниот карантин за сите љуѓе шо идале однадвор, и шо сакале да влезет во Охрид. Влезот во градот на главната челна порта бил строго забранат. Сите морале прво да одет на долниот влез, и преку Долнáпорта да влезет во посебно напраени објекти за карантин. Фактички, зборот карантин, со кој шо се означвит изолација или седејне наст‘рна, идат од итаљанскиот збор „quaranta“, шо во превод значит четриесет. Значит, четриесет дена требело да поминет, за со сигýрност да се знајт дек изолираниот чоек е здрав, дек не е заразен со некоја тешка болест, и дек нéмојт да заразит другѝљуѓе.

Два објекти за карантин и за лечејне на болните, со цркви и одаи, биле изградени к‘ј Долнáпорта, башка за жени, башка за м‘жи – Св. Богорóјца Болничка, и Св. Никола Болнички. Зато и ги завикале така тие две цркви – болнички, пошчо долги години биле користени за таква, посебна намена, во врска со здравјето на љуѓето. Четриесет дена, или шеснeдели, биле задржвени сите п‘тници намерници тука во карантин, пред да бидет пушчени да се измешет со другите љуѓе во градот. Зато, во периóдот од XIV до XVIII век, Охрид никош не настрадал од епидемија или пандемија од чума – црната смрт, или панукла, ко шо ја викале сите. Смртоносната болест харала тогаш по светот, и збришала цели градој, села и населби, при шо изумреле десетици миљони љуѓе на европскиот континент. Ама ето, мудроста на охриѓани го спасила градот од пануклата.

            Толку ногу е проткаен овај период од шеснeдели во животот на охриѓани, шо и ден денес ти е шубе да не напрајш нешчо ко шо останало речено или записано.

Фото: Фејцбук страница: Охрид слики од минатото

Публицитет.мк

Посетеност: 4.474
Share
Previous Post

Објавени добитниците на годишните награди на ДПМ за 2025 г.

Next Post

На Светскиот ден на радиото потсетуваме на нашето Радио Охрид кое за жал замина во историјата

Next Post
На Светскиот ден на радиото потсетуваме на нашето Радио Охрид кое за жал замина во историјата

На Светскиот ден на радиото потсетуваме на нашето Радио Охрид кое за жал замина во историјата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 4.474

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk