Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија „ Трпејца со мобилен“.
Секој учесник на Конкурсот има право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината во периодот од 18 до 23 јули оваа 2025 година и да ги испрати на електронската пошта: publicitetpublicitet@yahoo.com најдоцна до 23 јули во 24 часот.
Треба да се наведе името и презимето на авторот и контакт мобилен телефон.
Следниот ден – 24 јули посебна Комисија ќе го изврши изборот и најдобри три фотографии и вечерта ќе бидат прикажани на манифестацијата а авторите ќе бидат наградени со скромни награди.
Почитувани повелете да се забавуваме и да уживаме во зајдисонцата во Трпејца.
Здружение ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ
Фото: Љубица Јованоска
Публицитет.мк