• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Од 17 до 22  јули во Охрид се одржа 9-тиот Етно камп – Враќање кон корените низ занаетите, музиката и традицијата.

јули 23, 2025
in Uncategorized
Од 17 до 22  јули во Охрид се одржа 9-тиот Етно камп – Враќање кон корените низ занаетите, музиката и традицијата.

Во организација на КУД “ГЕРДАН ОД БИСЕРИ” и под менторство на уметничкиот раководител Татјана Узуноска – Тренеска,во прекрасна атмосфера покрај езерото, со многу насмевки, младински дух и љубов кон традицијата, се одвиваше деветтото издание на меѓународниот Етно Камп – уникатна едукативно,  креативна и рекреативна манифестација која обединува млади од целата земја и пошироко. Во работата на кампот како и секоја година беа вклучени  еминентни имиња од фолклорната  и музичка фела, врвни професори, кореографи и членови на државниот ансамбл ТАНЕЦ.

Оваа година, како нова содржина ги запознававме старите занаети, особено грнчарството а  учесниците имаа можност со свои раце да оформат традиционални садови и да ја научат  техниката на калапење,цртање и боење.

Секако, примарен фокус и оваа година беа фолклорните работилници, на кои се изучуваат македонски традиционални народни ора, инструменти, песни и елементи од облеековната култура на Радовишко Поле и Охридско -Струшко Поле во автентичен амбиент, под раководство  на врвни предавачи  и кореографи.

Кампот на учесниците им понуди и вечерни дружења, тематски забави, спортско- рекреативни активности за психомоторен  развој на младите.

Кампот беше заокружен со јавен час на кој секој фолклорен ансамбл имаше можност да презентира дел од своето културно наследство.

Етно кампот го оправдува  своето постоење преку големата заинтересираност на учесниците, деца и младинци со квалитетно исполнета продуктивна програма..До сега на него учествувале над 1500 учесници.

10. јубилејно издание на Етно кампот планирано за овој август на учесниците  ќе им донесе и средба со познатиот инструменталист  Драган Даутовски.

Тој е музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти а ова лето на кампот акцент ќе биде ставен на гајдата како специфичен македонски инструмент.

Публицитет.мк

Посетеност: 607
Share
Previous Post

The Parisian Puzzle Париска сложувалка прв роман на Анастасија Ристеска

Next Post

Промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ од Трпејца од Милчо Јованоски

Next Post
Промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ од Трпејца од Милчо Јованоски

Промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ од Трпејца од Милчо Јованоски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 607

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk