На 49-от општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во Охрид учениците од сите основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во 10 екипи подмладок и 3 младина се натпреваруваа во укажување прва помош.
Преку 100 млади на 6 пунктови низ градот ги презентирање стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ОУ Св.Климент Охридски, второто место го освои екипата на ОУ Дебрца-Требеништа, а трета беше екипата на ОУ Христо Узунов. Во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ Кирил и Методиј-медицинска паралелка, второто место го освои екипата на ОЕМУЦ Св.Наум Охридски Охрид, а трета беше екипата на ОУТУ Ванчо Питошески Охрид.
За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 17 судии (лекари, медицински сестри, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот за реалистички приказ на повредите, составен од 5 шминкери и 14 актери. 13 водичи, волонтери на Црвен крст Охрид ги водеа екипите по предвидените траектории и пунктови за укажување прва помош.
Во овој циклус на подготвока на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 200 млади.
Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст.
Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите волонтери, ментори, инструктори, тренери, судии, до основните и средните училишта и до сите кои ја помогнаа реализацијата на 49-от Општински натпревар по прва помош.
Публицитет.мк