Летувалци во Извидничкиот камп во Охрид, во населбата Даљан, ни испратија фотографии направени во текот на денот од птицата – корморан, која овде, во Охрид, ја викаме Нор. Претпоставуваат дека е повредена и од претпладнето ги шири крилјата, но не успева да полета.

Летувалците цел ден се обиделе да стапат во контакт со невладините организации за заштита на животните и птиците, но не успеале.
Нè замолија, како веб-медиум, да ги објавиме фотографиите со надеж дека некој стручен и компетентен ќе прочита и ќе се обиде да ѝ помогне на беспомошната птица.

Публицитет.мк








