Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот почитуван колега д-р.сци.мед Василије Томаноски, спец. по интерна медицина – нефролог, стои во објавата на социјалните мрежи од тимот на ПЗУ Нефроплус.
Неговиот професионализам, посветеност и човечност оставија неизбришлива трага во нашата установа и во животите на многу пациенти и колеги. Со своето знаење, искуство и искрена грижа, тој секогаш беше пример за вистински доктор и посветен човек.
Ќе го паметиме како почитуван колега, исклучителен професионалец и човек кој со својата работа и добрина допре многу животи.
Во овие тешки моменти упатуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа.
Нека почива во мир. Неговиот спомен ќе остане засекогаш со нас. Тимот на ПЗУ Нефроплус
Погребот на д-р Василије Томаноски ќе се изврши утре на Градските гробишта во Струга од 11 до 12 часот.
Публицитет.мк








