Лицата сместени во Дом „Софија“ во Битола деновиве уживаа во маникир, педикир, бојадисување на коса и потстрижување, но и масажа на раце и нозе, особено толку потребна на лицата во поодминати години заробени во колички. Пораката од оваа хуманитарна акција е: секој заслужува да се чувствува удобно во сопствената кожа. Истовремено да се зголеми свесноста за важноста на општествената одговорност кон лицата кои се сместени во старските домови.
-Во еден ден преку прекрасна дружба беа услужени над 60 штитеници кои третото доба го минуваат во Дом „Софија“. Во „салонот за убавина“во импровизирани услови но со големо задоволство работеа 40 ученици од средните стручни училишта: , ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” / насока – Лични услуги, СОУ “Таки Даскало” Битола / насока – Техничар за козметичка нега и убавина, СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп. Амбиентот беше прекрасен се ширеше една позитивна енергија и меѓусебна емпатија. Радосни беа и старите, но уште повеќе менторите и учениците кои ги покажаа своите вештини и им дарија внимание на нечиите баби и дедовци, вели Сузана Наумовска од „Изида Спа“ и Лајонс клуб „Десарети“ – Охрид која беше една од главните иницијаторки за настанот.
Во оваа предновогодишна дружба, која се поклопи и со Неделата на грижа за стари лица општествена одговорност покажаа и акцијата ја поддржаа и членовите од Лајонс клуб “Десарети” – Охрид, Лајонс клуб “Битола“, Лајонс клуб “Прилеп“ ,”ИЗИДА СПА” Охрид , “ПУПЕ КОМПАНИ”, “МАКСИ ЕКСКЛУЗИВ ДОО” Битола, “BODY M” Битола, Фризерско студио “ЏОЛЕ” “Здружение ГАЛОП”, “DE NIRO” Битола и од Драги Филевски.
Среќата е поголема кога се дели со друг, вели Наумовска и додава дека сите вклучени во оваа хумана акција со задоволство очекуваат нова средба со “жителите“ во старскиот Дом “Софија“ во Битола.
Публицитет.мк