• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Почнува 15. „На зајдисонце“ во Трпејца

јули 20, 2026
in Uncategorized
Почнува 15. „На зајдисонце“ во Трпејца

             Вечерва во Трпејца започнува новото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“. Манифестацијата во име на покровителот Општина Охрид се очекува да ја отвори претседателот на Советот на Општина Охрид,  м-р Перчо Божиноски. 

Обраќање ќе има и м-р Милчо Јованоски, член на здружението „За Трпејца со љубов“ а потоа Весна Јованоска, раководител на Одделението за култура во Општина Охрид ќе ја промовира неговата монографија „ Петнаесет години На зајдисонце во Трпејца“. 

Вечерта ќе биде заокружено со настапот на охридскиот женски квартет „HarmoniX“.

И за наредните осум дена организаторите на летото во Трпејца најавуваат интересни настани. Утре ќе гостува Драмското студио „Цвет 75“  под уметничко раководство на Драгана Велкоска. Во среда ќе настапат милениците на публиката Влатче Броз и ДЏ Марама. На 23 јули, четврток во претпладневните часови ќе се  одржат кајак – регатата „Номче Митрески“ и малиот пливачки маратон а вечерта од 19.30 часот е атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца и забавата со DJ Bagzi под наслов „Златните ’80 и ’90“. Овој условно наречен спортски ден е поддржан и од асоцијацијата „Спорт за сите“. 

Следниот ден – петок терминот од 20.30 е резервиран  за документарниот филм „300 години саат кула – чувар на времето во Охрид“ во продукција на Охрид њуз а работен по сценарио и режија на Горан Момировски.

Вечерта ќе следи настапот на пејачката група и оркестар на „Ѓердан од бисери“ под уметничко раководство на Татјана Узуноска – Тренеска.

Ден потоа ќе бидат прогласени најдобрите фотографии од конкурсот „Трпејца сликана со мобилен“, ќе настапи танц групата „Езерски ѕвездички“ раководена од Татјана Стојческа а ќе биде прикажан и документарецот „Охрид, Охрид убав мил“  работен по сценарио и режија на Илија Пиперкоски. 

На 26 јули, недела во Трпејца ќе се одржи вечерта посветена на НУ Библиотека „Григор Прличев“. Директорката Христина Трпеска ќе ја претстави установата пред публиката,  ќе биде прикажано видеото  за најстарата книга во сопственост на Библиотеката „Пчињското евангелие од крајот на XVI век“ како документарецот „Роднокрајни автори 2026“, дела на м-р Милчо Јованоски.

Претпоследниот дел од летото е резервиран за Вечерта со писателката Вера М Самарјанин и нејзините пријатели и настапот на Билјана Буџакоска – Трифуноска и Мила Тренеска обединети во дуото „ Black Moon“.

Честа да го затворат јубилејното „На зајдисонце“ ќе им припадне на актерката Марија Кондовска со изборот поезија „Стихови за водата, езерото, Охрид и Трпејца“, настапот на младата флејтистка Бојана Размоска од Пештани и фотографот Никола Павлески со кого заедно организаторите и публиката ќе се потсетат на петнаесетте изданија на летото.

Сите настани се бесплатни за публиката и се одржуваат на отворено. И ова издание на манифестацијата „На зајдисонце“ е помогнато и од угостителите од Трпејца и други спонзори кои со години ја препознаваат улогата и ентузијазмот на организаторите.

Публицитет.мк

Посетеност: 328
Share
Previous Post

Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“од Андреј Лаброски

Next Post

Фото конкурс „ Трпејца со мобилен“

Next Post
Фото конкурс „ Трпејца со мобилен“

Фото конкурс „ Трпејца со мобилен“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 328

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk