Потешко од очекувањата охридските фудбалери забележаа заслужена победа против цврстата екипа од Струмица.
Полошо и не можеше да започне овој натпревар кога гостите после една грешка на домашната одбрана први дојдоа во водство од 0:1.
Во второто полувреме сепак охриѓани не дозволија никакво изненадување, за тоа се погрижи голгетерот и еден од подобрите во екипата на Охрид, Дамјан Масевски кој за минути со два гола во 75 и 77 ги матира гостите од Струмица.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк