Утре – сабота , 5 октомври од 18 часот во Домот на културата во село Лескоец ќе бидат промовирани три нови книги од авторката Љубица Петреска – Чифлигароска.
Се работи за делата: „Сказни опој на душата“, „Виртуелна љубов“ и „ Случки меѓу училишните клупи“
Љубица Чифлигароска – Петреска е родена во с. Белица општина Кичево. Живееше и се образуваше во Скопје каде заврши П.А. ,,Св. Климент Охридски“ во 1981 г. Денес живее во Лескоец во Охрид и до пензионирањето работеше како одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
Во 2009 год. излегува од печат првото нејзино поетско дело, стихозбирката „Маѓија на душата”, која е посветена на нејзиното прво внуче Филип. Активно продолжува со учество и на многу други поетски литературни читања по кои се појавува второто прозно дело „Копнежи сред соѕвездијата” во 2017 год. „Љубовта е ѕвездениот сјај”- 2021 год.
Промотори на книгите ќе бидат проф. д-р Менде Солунчевски и Благица Хаџи Јовановска.
Публицитет.мк