Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“од Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид, традиционалнао – утре на 2 Август ќе се одржи 45 -от Илинденски пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км.
На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 60 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории-првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2008 и постари), – втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2009 и помлади).
Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица 1 – Кј Дивоно и тоа: првата група ќе стартува во 10:30 ч., а втората група во 11:30 ч. Целта ќе биде на Градското пристаниште во Охрид-Кеј Македонија (пред х. Нова Ривиера), а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартувањето.
И оваа година одржувањето на Илинденскиот пливачки маратон е помогнато и од Костал Македонија, Црвен крст -Охрид, ЦВО-Здружение на возачи.
Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање, соопшто Ораганицациониот одбор на маратонот.
Публицитет.мк








