• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ПЕРО И МЕЧ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

август 1, 2024
in Аргументи за
АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ПЕРО И МЕЧ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

Да се биде верен на огништето на предците не значи да се чува пепелта туку да се пренесува пламенот.

Денешниов ден Втори Август – Илинден преставува најсветол датум кој се возвишува и во 1903 (започнало Илинденското востание) и 1944 година (одржано Првото заседание на АСНОМ) и ја обележува истрајноста на македонскиот народ, но и неговата  пожртвуваност за своја сопствена македонска држава. Втори Август и во денешно време ја симболизира континуираната борба за зачувување на државноста, за истрајноста на нашите цели бидејќи тоа е основното што им го должиме на изминатите генерации, но и на генерациите кои доаѓаат.

Овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска.

Перото и Мечот беа, сè и ќе бидат главните инструменти за функционирање на работата кон националното единство. Тоа се нашите инструменти во нашата историја како суштински елементи на формираната држава денес.

Целата светска историја еволуираше и го составуваше своето политичко и национално единство со помош на овие два незаменливи елементи и како состав на животот, Мечот и Перото. Мечот, т.е. херојството, крвта, емотивноста, темпераментот е една карактеристика со која можеше да се постигне нашето единство, а Перото, интелигенцијата, мудроста, умноста, агилноста, дипломатијата го надополнија принципот на men sano in corpore sano (здрав ум во здраво тело).

Мечот и Перото, со нивните здружени сили, ја елиминираат политичката и националната инвазија на туѓиот и странски елемент во една цврста, добро уредена и обединета држава. Тоа е принцип на повисоко значење на постоењето, теорија на правно постоење на една држава.

Нашите великани (човек со исклучително ценети духовни особини, кој извршил големо влијание врз човештвото; значаен, познат, голем човек) во Перото и Мечот беа многу остри и доста храбри во оваа доследна работа. Мечот и Перото ја создадоа нашата нација, нашиот народ и нашиот единствен јазик.

Мечот не направи јаки, силни и здрави и го сочува она што ни е важно, душата и храброста. Перото со својот разум истура мисли и со својата боја со една македонска боја го осветли нашето образование и култура.

Нека ни е честит и вековит Илинден, Втори Август – Денот на Републиката, светилникот на нашата борба за сопствена држава.

Пишува

003 copy copy copy copy copy copy copy copy

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Публицитет.мк

Посетеност: 385
Share
Previous Post

Утре Илинденски пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица – Охрид

Next Post

80 ГОДИНИ ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЗА СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО НАШАТА ДРЖАВА

Next Post
80 ГОДИНИ ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЗА СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО НАШАТА ДРЖАВА

80 ГОДИНИ ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЗА СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО НАШАТА ДРЖАВА

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 385

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk