• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Јованоска: Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ кон мене се само предизборни замајувања и лага

март 23, 2024
in Тикер
Јованоска: Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ кон мене се само предизборни замајувања и лага

Демант на соопштението од ВМРО ДПМНЕ од страна на Гордана Јованоска, член на СДСМ и поранешен директор на ЈП ,,Билјанини извори” на прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ и спектакуларната најава за поднесување на некаква кривична пријава кон мене е класично замајување на јавноста и заплашување на народот пред избори во насока на нивната позната теза: внимавајте, ако не сте со нас и не работите по наше ќе ве снајде истово.

Се’ во излагањето на Александар Китески од ВМРО ДПМНЕ е ноторна лага, тоа го знаат и самите и во целост ќе се докаже.
Со доаѓањето на власт на СДСМ и јас како директор на ЈП „Билјанини Извори“ многупати сум укажала, а и јавноста беше запознаена, дека ЈП беше во хаос, особено во делот на паркинзите и уште повеќе во наплатата на услугите.
Во 2018 година со договор на градоначалникот Јован Стојаноски и со помош на локалната самоуправа направивме тендер за набавка на софтвер за зонско паркирање, кое за претходното раководство од ВМРО ДПМНЕ беше баук тема и во неколку наврати не успеаа да го набават. Во истиот тендер освен зонско паркирање беа набавени и систем за затворени паркинзи, рампи, сензори, наплатна куќарка, видео надзор кои подоцна беа ставени во функција на ул. „Македонски просветители“ во таканаречената Премиум зона, за која тогаш ВМРО ДПМНЕ негодуваше, правеше различни герила акции за да докажат дека не е во ред да се поставуваат рампи, за сега истата таа Премиум зона да ја прошират и на шеталиштето, на штета на мирот кој го имаат посетителите на кафеаните. За се’ погоре споменато со Договорот, ЈП „Билјанини Извори“ не плати ни еден денар, туку набавката, ставањето во употреба и одржувањето го спроведе фирмата која работата ја доби на транспарентен тендер, тоа е Електро Софт за само 15% од нето приходите на смс системот. За по две години системот да премине во наша сопственост, а новиот тендер во 2020 година не гласеше набавка на софтвер, туку само одржување и негово усовршување и сето тоа во износ од 1. 000 000,00 денари.
Со смената на локалната власт од кога директор е кадар на ВМРО ДПМНЕ на примопредавањето писмено укажав дека ако договорот не е дел од неговите визии може да го прекине. Но тоа не се случи. Се поставува прашањето: Ако нешто беше незаконско, зошто тогаш нивниот директор веднаш не го раскина договорот, туку продолжи да работи на ист начин? Туку требаше по три години и предизборно да се сетат дека тој не чинел.
Одговорно тврдам дека јас како директор не сум дала наредба да се исплатат повеќе финансиски средства од дозволеното. Претпријатието има финансиска служба и служба за јавни набавки која ги следи и спроведува тендерите во нивното извршување.
Да подвлечам: Договорот од мое време за одржување на системот беше на 1 000 000,00 ден за две години. И еве ВМРО ДПМНЕ вели сум направила штета на фирмата и бара кривично да одговарам пред обвинителството, а директорот поставен од ВМРО ДПМНЕ, направи нов договор за одржување на две години во износ од 2 880 000,00 ден?!
Лесно е да се види кој работи на штета на ЈП „Билјанини Извори“.
Хајката против мене се водеше како и сега така и кога бев директор бидеќи истата оваа гарнитура на ВМРО ДПМНЕ не може да се помири дека мојот стил на работа е чесно и посветено и дека никогаш не ме интересираше партиската боја на вработените, туку барав посветеност од сите подеднаква, исто така и сите корисници на услугите да платат за нашите услуги, а ако не да се соочат со закинските прописи.
ВМРО ДПМНЕ не беше а и се’ уште не е научено нивните заслужни кадри да плаќат на паркинзи за своите возила. Но, за разлика од порано, сега за нив плаќа секој обичен граѓанин, дури и казни. На паркинзите намерно не се поставуваат наплатувчи, за подоцна да бидат казнети со 1000 денари за нерегулирано паркирање. На таков начин сега го полнат буџетот на ЈП „Билјанини Извори“ а воедно и го покриваат неплаќањето на функционерите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ. За да се дојде до приход секој ден во просек се пишуваат над 100 казни.
Редно е ВМРО ДПМНЕ да не мисли повеќе на мене туку на оние кои ги поставиле да раководат.
Кога сме тука барам да престане лагата дека јас и мојот сопруг – актуелен директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Милчо Јованоски директоруваме во исто време и по нечии заслуги.
Јавноста добро знае, освен што сме сопружници и за нашите поединечни квалиети и постигнувања.

Со почит,
м-р Гордана Јованоска

Публицитет.мк 

Посетеност: 173
Share
Previous Post

НОВА КНИГА: „ОХРИДСКИТЕ ГАЛЕБИ…“ ОД АКАДЕМИК МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ

Next Post

Шампионот шампионски ГРК Охрид -РК Еурофарм Пелистер 25 : 32

Next Post
Шампионот шампионски  ГРК Охрид -РК Еурофарм Пелистер  25 : 32

Шампионот шампионски ГРК Охрид -РК Еурофарм Пелистер 25 : 32

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 173

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk