Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”.
На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.
Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.
Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија.
Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.
Публицитет.мк