Ирска е европска земја која поради неверојатните природни убавини е нарекувана и смарагден остров. Во прилог прочитајте десет помалку познати факти за оваа прекрасна земја.
1. Даблин се гордее со фактот дека има по еден паб на секои 100 жители. Најстариот ирски паб се наоѓа во Атлон и се верува дека датира од 900та година.
2. Просечно, секој Ирец пие околу 95 литри пиво годишно, така што земјата е на 6-тото место во светот по конзумирање пиво.
3. Мај е најсувиот месец во годината. Ова е многу корисна информација ако планирате да ја посетите Ирска.
4. Ирците по пензионирањето најчесто одат на Канарските Острови.
5. Ирска има најмал број на пријаване НЛО објекти од сите европски земји.
6. Белата Куќа е дизајнирана од ирскиот архитект Џејмс Хобан.
7. Во 2002 година, Ирска беше првата земја во светот која воведе данок на пластични кеси.
8. Mukanagederdauhaulia е крајбрежен град со најдолго име во Ирска.
9. Drishin е национално ирско јадење. Тоа е специјалитет направен од свинско месо, кравја и овча крв, леб, житарици и масти.
10. Терминот “бојкот” доаѓа од ирскиот капитен Џејмс Бојкот. Официјално се користи за прв пат во статијата на списанието Интер-Оун на 12 октомври 1880 година.
Извор: www.enauka.mk