• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

15 години постојан престој на човекот во вселената

ноември 4, 2015
in Занимливости

Пред 15 години првиот долготраен екипаж пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС). Оттогаш таа е постојано „населена“. Сега е време за прослава.

Изгледа како величествено да лизга по орбитата. Во суштина ита со цели 28 илјади километри на час. За 90 минути ја обиколува земјината топка. Меѓународната вселенска станица (ИСС) е најголемиот објект конструиран од човекот кој се наоѓа во Земјината орбита.

„ Станува збор за орбитална лабораторија и тоа орбитална лабораторија од светски ранг. Покрај тоа што се занимаваме со истражувања ние истотака треба да го разбереме животот во Земјината орбита и како ние луѓето реагираме на вселената. А тоа е многу важно доколку сакаме да напредуваме кон истражување на Соларниот систем. А тука е и меѓународниот аспект на станицата“, објаснува американскиот астронаут Скот Кели, актуелен командант на ИСС.

Екипажот на станицата го сочинуваат Американци и Руси, како и членови на Европската вселенска агенција ЕСА, Јапонци и Канаѓани.

Меѓународната вселенска станица е планирана уште во 80-те години од минатиот век а беше лансирана во 2000 година. Оттогаш наваму таму истражувале и извршувале експерименти преку 200 астронаути од 17 земји.

„Вселенската станица е мост. Таа е платформа за тестирање на технологиите кои треба да ги развиеме и разбереме за успешни патувања на Марс“, истакнува Кјел Линдгрен, астронаут на американската вселенска агенција НАСА и дел од екипажот на ИСС.

Астронаути кои живеат во бестежинска состојба. ИСС е всушност совршена ПР-алатка. Кога ќе видите слики од сосема нормални луѓе во нивната дневна соба- која меѓутоа се наоѓа 400 километри над земјата- тоа тогаш ја прави вселената достапна за сите. Сето тоа уште дистрибуирано преку социјалните интернет мрежи е вистинска добивка за имиџот на овој скап проект. Станицата, според договорот на партнерите, би требало да остане во погон до 2024 година. А што ќе се случува со неа потоа , запишано е во ѕвездите.

Посетеност: 156
Share
Previous Post

Недела на грижа за стари лица- Конкурс за најстар жител и брачна двојка

Next Post

Дуњи: Најдобар есенски лек

Next Post

Дуњи: Најдобар есенски лек

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 156

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk