Јубилејниот карневал ќе започне по традиција на 13 јануари.
Во 17 часот василичарската поворка ќе тргне од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства во Куратица.
Следниот ден на 14 јануари од 19 часот ќе следи завршното василичарско празнување со дефиле на маските, музичкиот дел со Екстра Бенд -Скопје , а програмата ќе ја водат Игор Трпчески и Маја Бимбилоска
Околу 22:30 часот планирано е прогласување на најдобрите маски, проследено со огномет а василичарското празнување ќе заврши околу еден часот по полноќ, соопштија од Месната заедница од село Куратица.
Публицитет.мк