Вечерва од 21 часот во рамките на манифестацијата Од 20 до 20 СИТЕ ВО ОХРИД на просторот кај старата градска библиотека ќе биде поставена изложба на фотографии а ќе биде промовирана и книгата „Охрид во 10“.
Организатор на манифестацијата е Општина Охрид а изложбата и промоцијата се дело на тимот на охридското Супер радио .
-Идејата беше да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така беа регистрирани и најважните настани кои го одбележале секој ден со што книгата е еден календар на живеењето на градот во 2017-та година, велат од Супер радио.
Публицитет.мк