• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

„Охрид – љуѓе и марифети“ од Томислав Тунтев: МАРИФЕТИ

февруари 21, 2026
in Во потрага по трајната убавина
„Охрид – љуѓе и марифети“ од Томислав Тунтев: МАРИФЕТИ

Неодамна во присуство на бројна публика беше промовирано најновото дело на д-р Томислав Тунтев „Охрид – љуѓе и марифети“. Оваа книга задолжително треба да ја има секое семејство од Охрид кое е емотивно поврзано со градот , особено со стариот дел Варош. Од низата приказни д-р Тунтев на наше барање ни отстапи три – една по една ќе ги објавуваме на Публицитет.мк, Прочитајте ја втората . „Охрид – љуѓе и марифети“ може да се купи во книжарницата Просвета во Охрид.

Да се потсетиме на неколку подзабораени охридски марифети од едни дамнешни времина, ко бев дете:

• пола или четврт рецкан леб, ѓеврек, кифла и пинерла, од лебарата на Жито Леб к‘ј Матјана;

• седум ќебапчина во векница со пипер буковска од сендвичарата во Летница;

• базóка мастика од бутката под муренкана;

• две цигарина Филтер Југославија од бутката по чаршија;

• ќибрит од портокалон од Радича под муренкана;

• шампонче од бреза, од Охридска трговија кај Целета;

• тетратка по тесни и широки, од книжарата од Кречо;

• плакатите за филмојте шо се даваја во киноно, на трѝместа – насред чаршија, кај чинарон и кај гимназијана;

• филмој на кино, во кино бафча и во старонóкино;

• на стрижејне кај Раиф берберон насред чаршија, Фадиљ и Шерко калфи к‘ј шо му беа;

• сладолед од јагода и црвена лимонада од к‘ј Горичан;

• тазе измолзено млеко, к‘ј Маре од Дудана, и од Митан;

• киселóмлеко потфатено во тенџере, завијано во веленце;

• леблéби и сувóгрозје од леблебиџилницата Охридско Езеро по чаршија;

• на фудбалска утакмица Грашница;

• на бајами и нáфудбал, Имарет;

• кочеџици од кочеџикон кај Св. Климент;

• скокајне клопче, од мостето на С’р’јшче, и од карпата или од џиздот на Кукуле, к‘ј Канео;

• к’пејне со кајче над Канео, и над од Тито вилана, и скокајне ласта;

• пéтстотки за на партизански филм во киноно – Димче и Спасе кинеја карти нáврата, а Кадри вардеше н‘тре дан џвакаме мастика;

• на магионичарска приредба со Димче Факирче;

• на фашчајне и на лапајне, Горица трета к‘ј јаболчинана, или к‘ј паднатине борци;

• на веслачко на Ј‘но, и на пливачко на пристанишче;

• пеците за нáшкола со Мирко и Славко;

• на паликоси, Св. Врачи и Каменско;

• на Ристóс В‘скрéсе, Геракомија;

• на крстот за Водици, на С’р’јшче;

• на гитаријада, на полигон;

• на бокс турнир, на полигон;

• на ракомет, на полигон;

• на концерт од Здравко Чолиќ и Локици, на полигон;

• на концерт од Парни Ваљак, во киноно;

• в диско Парадизо, во Палас;

• на вакцина, во Маларична, к‘ј Коцаревци;

• на инекција, во болницана на детско, к‘ј докторите Тилев или Мамалигана;

• по дрвениот мост и по мочуришчата, Студенчишча;

• по ракчина нáкоља, со виљушка, стап и батериска ламба;

• нáблинкер со двáконци, со кајче од ранѝзори;

• на санкајне, Галичица, од горните бараки од Феријално, до долните бараки од Дистрибуција, па надолу до п’тот;

• на кафе к‘ј Заро во Десетка, и к‘ј Менсур во Дали;

• навечер сноејне, пред Леа, пред Лидо и пред Чери;

• на журки во Мецофорте;

• на музика Инекс, к‘ј Авто, Пеце и Ораче;

• на плажа Славија и Орце Николов, со кајче или со пони точкој;

• сефте к‘пејне вóјзеро за Први Мај, Сендикáлни;

• на панаѓур за Втори Мај, к‘ј Сендикáлни;

• на маратон, Горица и Метропол;

• излегвејне надвор со фељче леб со ајвар и сирејне, на џишчето пред куќата од Фортомара;

• били на една и на пет шлајки, на С’р’јшче;

• кинипáнтоли и на прва, зад Св. Софија;

• безец, имам си, стоп џепотрес и стоп мамамá;

• бркана, во дворот од училишчето Св. Сава;

• бинек, качѝнож, фудбал, котката-питката, џамија, џиздија, долга магарица и џандари-апаши, во дворон од Св. Софија и на С’р’јшче;

• ѕвонејне на ѕвончината по куќите во Варошон, и бегај да те немат;

• пионерска заклетва, со плави капчина и црвени марами, во фискултурната сала од училишчето Св. Климент;

• резбајне шперплоча со пилица во кабинетот по ОТО под фискултурната сала од училишчето Св. Климент;

• пељте, мазник, кошмишпите, губи, тарана и чај од боз, кај баба ми Весела;

• шеќерпаре, слатко од черешни, колбурек, и пиљав со рибно, к‘ј баба ми Наде;

• афричка смола, од к‘ј Спорт;

• фудбалчината во паркон, к‘ј Ванча;

• басми и штофој, к‘ј Ристо Басмана, по чаршија;

• лижејне мразуљци од кап‘јци по олуцине на С‘р‘јшче;

• руќовѝс, потемници;

• к’пејне алафрáнга, на Ј’но;

• романчина со Загор, Блек, Командант Марк, Текс, и Алан Форд, во бутката к‘ј чинарон;

• боза и индијанки к‘ј Диљавер, во слаткарницата Загреб;

• топол салеп, во слтакарницата Корзо;

• берејне навечер, под борон и џупски рај;

• шетајне накóрзо, угоре удолу, во два реда;

• пушејне цигарина по клозетине во гимназија;

• ко умре Тито, и ко плачевме сóсила, а не ни се плачеше;

• и тој крупниот, црниот, со ретка коса неишчешљана и каференгија одело, шо врвеше секоја недеља сабајле по Варошон со една торба нáрамо, и шо викаше – Пооопрааавааам чадориииии, поправаааам!

Публицитет.мк

Посетеност: 4.646
Share
Previous Post

СТОЈАН АРСИЌ: Мојата “Лавица” се бори во Москва, а среќата ја пронаоѓа во Охрид!

Next Post

Треба да те сфатам, но не мора да те оправдам

Next Post
Три нешта можат да го уништат човекот: бесот, гордоста и непочитувањето

Треба да те сфатам, но не мора да те оправдам

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 4.646

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk