Бадемот има голема енергетска вредност и содржи масти, белковини и помалку јаглени хидрати, а го карактеризира богатство од минерални елементи, монозаситени масни киселини, антиоксиданси.
Еве што да очекувате ако јадете 20 бадеми дневно:
Ќе имате подобро варење на храната
Оваа количина на бадеми е одлична за дигестивниот тракт. Не само што ја подобрува цревната микрофлора, туку и го зголемува бројот на добрите бактерии. Исто така, го намалува и бројот на лошите бактерии кои се поврзани со голем број на проблеми, како што се дијабетес тип 2, срцеви заболувања, ментални проблеми, астма, проблеми со кожата…
Подолго време ќе бидете сити
Кога ќе добиете желба за благо земете неколку бадеми. Ова ќе ве засити, а во исто време и ќе ве спречи да се прејадете. До ситоста доаѓа од протеините, влакната и мастите кои изобилуваат во бадемите. Експертите велат дека треба да ги џвакате подолго време наместо да ги јадете во секунда.

Ќе го забрза метаболизмот
Бадемите, исто така, содржат мали количини на витамин Б-комплекс, кој го стимулира метаболизмот. Ова резултира со забрзано согорување на мастите, особено околу стомакот.
Ќе имате посилни коски
Оваа количина на бадеми исполнува околу 20 проценти од вашата дневна потреба за магнезиум и фосфор, кои се клучни за густината на коскената маса.
Публицитет.мк








