Годинешното 63 то издание на Пулскиот филмски фестивал се одржа во периодот од 9 – 16 јули.
Во текот на седумте дена од одржувањето на фестивалот беа прикажани 135 филма во девет категории , од кои дури 50 премиери.
На фестивалот во Пула присуствуваа оклу 250 гости а целата манифестација ја следеле околу 200 акредитирани новинари.

Оваа година голем успех на фестивалот во Пула постигна филмот „ Лазар“на македонскиот режисер Светозар Ристовски кој ја освои наградата на публиката Златна порта на Пула со висока оценка на публиката од 4,89/5. Оваа награда филмот ја освои во конкуренција на 11 филмови кои ги вреднуваше публиката.Овој филм беше прикажан во рамките на програмата Малцинска копродукција во која наградата Златна арена за најдобро актерско остварување му припадна на младиот хрватски акктер Ведран Живолиќ за улогата во филмот „ Лазар“.
Како што е познато филмот „ Лазар“ премиерно беше прикажан изминатата година на отворањето на Меѓународниот филмски фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки “ во Битола.

Инаку наградата Златна арена за најдобар филм во оваа категорија и припадна на филмот „ Добра жена “ во режија на Мирјана Карановиќ. Според жирито ,филмот преставува импресивно дебитантско остварување кое драмски силно и низ впечатливи актерски интерпретации го проблематизира односот помеѓу вистината и емоциите.
Златната арена за режија во Малцинската копродукција ја освои Рунар Рунарсон за филмот „ Врапчиња“.

Што се однесува до главната натпреварувачка програма на хрватскиот филм, оваа година сите почести отидоа кај филмот „ Од другата страна“на режисерот Зринко Огреста . Имено филмот освои дури седум Златни арени и тоа во категориите :најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, најдобра женска улога ( Ксенија Маринковиќ за улогата на Весна), најдобра машка улога ( Лазар Ристовски за улогата на Жарко), најдобра монтажа и најдобро обликување на звукот.
Жирито предводено од актерката Сања Вејновиќ во кое учествуваа уште и Бруно Крагиќ, нашата Лабина Митевска, Хрвоје Мршиќ и Доналд К. Раунвуд, во образложението за доделувањето на Големата Златна арена за најдобар филм ќе напишат:Се работи за впечатлив филм со елементи на неизвесност и постапен развој на емоционална и драмска напнатост која доведува до глобална метафора.
Освен овие седум награди филмот на Огреста ја освои и наградата „ Октавијан“ која ја доделува друштвото на филмските критичари на Хрватска.

Само да се потсетиме дека филмот „ Од онаа страна“ беше прикажан овде во Охрид на 10. јуни. наденот на отворањето на првиот филмски фестивал „ Охрид филм фест“ кога на проекцијата на филмот присуствуваше актерот Лазар Ристовски кому му беше врачена специјална награда.
Од останатите поважни награди од главната програма ќе ги споменеме и наградите за најдобра споредна женска улога која ја освои актерката Тена Немет Бранков за улогатана тинејџерката Ника во филмот „ Трамполин“ на режисерката Катерина Зринка Матијевиќ и наградата за најдобра машка споредна улога која ја освои познатиот актер Горан Навојец за неговиот лик остварен во музичката комедија „ Се’ најдобро“ на режисерката Снјежана Трибусон.
Наградата „ Бреза“ која се доделува за најдобар дебитант оваа година и припадна на актерката Рената Покупиќ за улогата на Бранка во филмот „ Се’ најдобро“ на режисерката Снјежана Трибусон.Овој филм ги освои и Златните арени за најдобри визуелни ефекти,костимографија и сценографија.
Филмот „ Народниот херој „ Лјилјан Видиќ“ на режисерот Иван Горан Витез ги освои Златните арени во категориите за за најдобра маска и најдобра камера.
Музиката на Рундек Карго Трио му ја донесе Златната арена за најдобра музика на документарниот филм „ Генерација 68“на режисерот Ненад Пуховски.
Српскиот режисер Стеван Филиповиќ како председател на жирито на селекцијата Меѓународна програма , ја обелодени одлуката на ова жири а тоа е дека Златната арена за најдобар филм во оваа селекција ја освои долгометражниот филм „Незаконско “ на режисерот Адриан Ситару ,кој доби и награда во рамките на програмата „ Соседи и пријатели“и дека посебно признание жирито му додели на либанскиот филм „ Трамонтана“.

Надвор од конкуренција на годинешниот фестивал во Пула беше премиерно прикажан и филмот „ Ослободување на Скопје“ филм во режија на таткото и синот Раде и Данило Шербеџија кого публиката го оцени со мошне висока оценка од 4,50.
Филмот преставува копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Финска и Велика Британија. Главните улоги во филмот ги толкуваат:Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, малечкиот Давид Тодосовски а од македонските актери настапуваат уште и Силвија Стојановска и Петар Мирчевски. На премиерата на филмот во Пула се појавија споменатите актери како и продуцентите на филмот Роберт Насков и Горјан Тозија како и еден од композиторите на музиката во филмот, гитаристот Влатко Стефаноски.
Инаку , како што веќе е најавено , филмот „ Ослободување на Скопје“ ќе го отвори годинешниот меѓународен фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки “ во Битола кој оваа година ќе се одржи по 37 пат а ќе започне на 10 септември.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк






