Во неделата во градчето Санта Лучија во Близина на Тревисо – Италија во ресторанот Al Gabbiano di Belmin група пријатели организраа добротворна забава за помош и изградба на манастирот „Св. Илија“ на Јабланица – Струга.
-Секоја добротворна акција на сите Македонци кои се наоѓаат во Италија е добредојдена. Музиката која свиреше на забавата целиот бакшиш што го доби го подари за манастирот на Јабланица. Вреди да се споменат нивните имиња Винко, Миле и Зафкет, а сопоственикот на ресторанот Белмин исто така донираше околу 200 евра.
Вкупно како што ни пишува Горан Речко Наумоски вечерта на забавата се собрале близу 1100 евра. Според Наумоски, иницијативата за оваа добротворна забава потекнала од поединци и членови на здружението „Аминта“ Ранко, Саве, Ванчо, Пане, Горан, Недан, Јован и Радован…
Вечерта на добротворната приредба имало гости – кои живеат и работата во Италија а по потекло од сите делови на Македонија од Струмица, Кочани, Кавадарци, Охрид, Струга и Скопје.
Публицитет.мк