• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

69. Меѓународен филмски фестивал – Сан Себастијан

септември 26, 2021
in Филмољубие
69. Меѓународен филмски фестивал  – Сан Себастијан

Синоќа, со доделувањето на наградите , заврши 69. издание на Меѓународниот филмски фестивал Сан Себастијан , кој се одржува во истоимениот град на северот на Шпанија. Се работи за еден од најстарите европски филмски фестивали кој започна на 21. септември 1953 година . Годинешното 69. Издание на фестивалот започна на 17 а заврши на 25 .септември.

 

sebastian 1 300x200

 Иако првично беше наменет да им оддаде почит на филмовите на шпански јазик, филмовите на други јазици беа вклучени во програмата на фестивалот во 1955 година, кога фестивалот беше специјализиран за филмови во боја. Меѓународната федерација на филмски продуценти (ФИАПФ) го призна како фестивал од А категорија од 1957 година, со исклучок на периодот 1980–1984 година, кога не беа доделени големи награди.

На овој фестивал за првпат со свој филм настапи Роман Полански,а фестивалот им помогна да ја унапредат својата кариера неколку познати режисери како Френсис Форд Копола, Бонг Џун – хо и Педро Алмодовар а на овој фестивал ја имаше својата меѓународна премиера и филмот „Вртоглавица“на Алфред Хичкок кој бил присутен на фестивалот.

E ovCZQXoAQw8De

И овој фестивал како и многу други има неколку програми.Во главната натпреварувачка програма  се натпреваруваат фимови за главната награда на фестивалот „Златна школка“ како и за останатите награди кои ги доделува специјално жири.Според прописите на ФИАПФ , во конкуренција влегуваат нови филмски остварувања кои не биле прикажани на други фестивали. Во овој избор можат да бидат вклучени и филмови кои се прикажуваат надвор од конкуренција.

Оваа година во трката по главната награда се најдоа 16 филмови. Главна карактеристика на годинешната селекција е големиот број на жени режисери.

 Франција и домаќинот ,Шпанија беа застапени со по три филма и со уште по една копродукција, Кина беше застапена со два филма а со по еден филм беа застапени Данска, Аргентина, Романија,Англија, Чиле…

Меѓу најпознатите имиња на годинешниот фестивал беа францускиот режисер Лоран Канте со филмот „Артур Рамбо“,остар приказ на последиците од токсичните пораки излеани преку социјалните медиуми и британскиот филмски творец Теренс Дејвис со филмот  „Благослов“, чуствителен филм кој е фокусиран на човек кој сака да успее во извртениот свет.

Во натпреварот учествуваа и режисерката Лусил Хаџихалиловиќ која токму на овој фестивал пред шест години ја освои Специјалната награда на жирито за нејзиниот втор филм „Еволуција“, а оваа година се натпреваруваше со англиско францускиот филм„Ервиг“кој преставува приказна за една девојка со ледени заби која никогаш не го напушта својот стан кој е со затворени прозорци.

Француската режисерка Клер Симон на фестивалот се престави со својот најнов филм „Сакам да зборувам за Дурас“кој говори за интензивната врска помеѓу зрелата писателка Маргарита Дурас и Јан Андреа.

На фестивалот учествуваше и дебитантката Алина Григоре од Романија со филмот „Сина месечина“кој преставува напната драма за една млада жена која се обидува да го спречи насилствотошто се случува во нејзиниот дом.

Како дебитант оваа година се престави и режисерката од Данска, Теа Линдебург, со филмот „Како на небото“кој говори за ненадејното полнолетсво а кој е снимен според книжевното класично дело на Мари Бренгедал.

Меѓу филмовите се најде и копродукцијата помеѓу САД, Чиле и Шпанија – „Сон за треска“ на режисерката Клаудиа Љоса која во 2008 година ја освои Златната мечка во Берлин за филмот „Млекото на мазгата“.Нејзинот најнов филм преставува крими драма и говори за мајчинството а е снимен според истоимената книга на Саманта Швеблин.

Аргентинската режисерка Инес Барануево се натпреваруваше со нејзиниот четврти филм „Камила вечерва излегува“.

9aa7076b 2653 4780 b69f b63461b0f426 0

Кина оваа година се престави со два филма :трилерот „Пожар на рамнината“во режија на Џанг Џи и „Една секунда“ на познатиот режисер Занг Зимоу со кој беше отворен годинешниот фестивал во Сан Себастијан.

Филмот ја раскажува приказната за еден човек кој избегал од една фарма –затвор, за време на Културната револуција.Интересно е да се спомене дека филмот бил избран во натпреварувачката програма на 69. Меѓународен филмски фестивал во Берлин во 2019 година, но бил повлечен непосредно пред прикажувањето со официјално објаснување дека филмот е повлечен заради технички потешкотии за време на пост- продукцијата, но критичарите се сомневаат дека причината е политички мотивирана цензура.

jurados 2021 01

Жирито кое имаше за задача да ги оценува филмовите од напреварувачката програма работаше во состав:Деа Кулумбегашвили од Грузија , како председател и членовите: Одри Диван од Франција, Маите Алберди од Чиле, Суси Санчез од Шпанија и Тед Хоуп од САД  .

И останатите програмски целини донесоа голем број на интересни и квалитетни филмови. Така , во програмата „Надвор од конкуренција“ беа прикажани пет шпански филмови од најновата продуција меѓу кои и најновите филмови на режисерите :Карлос Саура, Алехандро Аменебар и Педро Алмодовар.

Програмата „Латински хоризонти“ која е натреварувачка, донесе 10 филмови кои се натпреваруваа за наградата „Хоризонти“.Наградата ги промовира играните филмови произведени целосно или делумно во Латинска Америка, во режија на филмаџии со латинско потекло, или чија рамка или тема се латино заедници од остатокот од светот.

Мошне интересна е програмата „Бисери“ во чии рамки се прикажуваат играни филмови кои предходно не биле прикажани во Шпанија  а кои добиле високи оценки од критиката или биле наградени на други меѓународни фестивали.во оваа програмска целина беа прикажани 17 филмови.

„Нови режисери“ е натпреварувачка програма на  првите или вторите играни филмови на младите режисери, необјавени или кои се објавени само во нивната земја на производство и продуцирани во последната година. Во оваа програма се натпреваруваа 13 филмови меѓу кои и филмот од Словенија „Авантура“ на режисерот Дарко Синко.

Во натпреварувачката програма „Забалтеги – Табакалера“ беа селектирани 18 филмови.Во оваа програмска целина се селектираат филмови  со нови погледи и форми.

marion cotilliard donostia award san sebastian ff picsE 63b FVEAcCguI copy

Во рамките на фестивалот се доделуваат и почесните награди  „Доностија“.Наградата е востановена во 1986 година од тогашниот директор на фестивалот Диего Галин со цел да ги привлече големите филмски ѕвезди на фестивалот со цел да се прошири интересот за фестивалот кај публиката и медиумите.

Прв добитник на оваа награда требало да биде американскиот актер Џек Лемон но заради зафатеност тој не можел да дојде на фестивалот . Него го заменил не помалку познатот Грегори Пек

Оваа година во клубот на добитницие на оваа награда влегоа француската актерка , оскаровката, Марион Котијар и американскиот актер Џони Деп.

И на крајот , збор два и за добитниците на годинешните награди кои беа доделени синоќа на свечената церемонија на која присуствуваа познати актери и филмаџии со примена на сите пропишани мерки од Ковид  пандемијата.

Оваа година, што се однесува до наградите , ќе остане запаметена во историјата на овој фестивал. Имено, скоро сите награди на стручното жири отидоа во рацете на женски филмаџивки.Но, да почнеме по ред:

premio 1057fp 690286 24685img 37237

Главната нагрда „Златна школка„ за најдобар филм ја освои романскиот филм „СИНА МЕСЕЧИНА“ на дебитантката Алина Григоре.

Филмот го следи психолошкото патување на една млада жена до нејзиниот процес на дехуманизација. Ирина се бори да постигне високо образование и да избега од насилството на нејзиното дисфункционално семејство. Двосмисленото сексуално искуство со еден уметник ќе ја поттикне нејзината намера да се бори против насилството во нејзиното семејство…

premio 1058img 37147

Специјалната награда на жирито ја освои филмот „ЕРВИГ“ на режисерката Лусил Хаџихалиловиќ . Филмот преставува англиско, француско , белгиска копродукција.

premio 1059fp 692152 25379

Наградата „Сребрена школка“ за најдобар режисер и припадна на дебитантката ТЕА ЛИНДЕРБУРГ од Данска за филмот „Како на небото“.

premio 1060img 37236premio 1078

Наградата „Сребрена школка“ за најдобра улога (се доделува само една награда и за машка и за женска улога, како на фестивалот во Берлин), ја споделија две актерки:

ФЛОРА ОФЕЛИЈА ХОФМАН ЛИНДАЛ, за улогата во данскиот филм „Како на небото“ и

ЏЕСИКА ЧЕСТЕЈН за улогата во филмот „Очите на Тами Феј“ на режисерот Мајкл Шоуалтер.

premio 1061img 37205

Наградата „Сребрена школка“ за најдобра споредна улога и’ припадна на екипата на актери од шпанскиот филм „Кој не’ запира“ на режисерот Аонас Труеба.

premio 106372f69ddcef58b94b56307457316dba67

Наградата за најдобро сценарио ја освои ТЕРЕНС ДЕЈВИС за сценариото на англискиот филм „Благослов“ кој го потпишува и како режисер.

premio 1062

Дури и наградата за најдобар кинематографер, жирито одлучи, да и’ припадне на жена. Наградата ја освои КЛЕР МАТЕН за францускиот  филм „Тајно“ во режија на Тиери де Перети.

nmod 438 main

За најдобар млад режисер беше прогласена русинката ЛЕНА ЛАНСКИЏ за режијата на филмот „Несакано“.

nmod 439 main

За најдобар филм во програмата „Латински хоризонти“е прогласен филмот „ОГНЕНА НОЌ“на режисерката Татјана Хуезо. Филмот преставува копродукција помеѓу Мексико, Германија, Бразил, и Катар.

nmod 440 main

Во програмскиот сегмент „Забалтеги“ победи францускиот филм „ВИТЕЛ“ на режисерот Гаспар Ное.

nmod 442 main

Според гласовите на публиката , најдобар филм на годинешниот фестивал во Сан Себастијан е францускиот филм „МАЛЕЧКАТА МАЈКА“ на режисерката Селин Скиама, кој беше прикажан во програмата „Бисери“.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 138
Share
Previous Post

Проф. д-р Ала Шешкен од Русија: Зошто го сакам Конески?

Next Post

Денес им е роденден: Славе Младеновски

Next Post
Денес им е роденден: Славе Младеновски

Денес им е роденден: Славе Младеновски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 138

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk