
м-р Славе Младеновски, социолог од Скопје.
Во тешки ситуации најважно за животот да има убавина се радосните денови. Секому му треба малку среќа за голема радост. Убава насмевка со срдечен поздрав може да го мотивира секој поединец што гледа добри особини кај луѓето и поседува позитивна енергија. Како медијатор имам девиза која гласи – јас не создавам проблеми, туку решавам спорови. Секој ден живеам со чувството и со одговорнодта дека зборовите и постапките мора да придонесуваат за лично и колективно добро. Денеска денот не е различен од другите, а само за мене е посебен. Неколку часови во природа со сопругата и со кумовите Раденковиќ е вистинскиот избор како да го одбележа роденденот. На мојот драг пријател Милчо му благодарам за можноста да ги споделам овие мисли. Ако придонесат неговите приврзаници на порталот да бидат мотивирани и да им биде денот убав, лично ќе ме направат да бидам среќен.
Публицитет.мк






