• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

73. Венециски филмски фестивал – награди

септември 15, 2016
in Филмољубие

Во саботата на 10. септември, со церемонијата на  доделувањето на наградите заврши годинешното 73 издание на Венецискиот филмски фестивал ,инаку најстариот филмски фестивал во светот. Оваа година во трката по наградата Златен лав се натпреваруваа 20 филмови од сите страни на светот.

mos 1

Наградата „ Златен лав“ оваа година му припадна на филипинскиот предизвикувачки филм „ Жената која си отиде„“ на режисерот Лав Дијаз.Годинешното жири на фестивалот , предводено од британскиот режисер Сем Мендез , наместо да се одлучи наградата да му ја додели на некој од холивудските филмови кои се наоѓаа во главната програма , тој и останатите членови се одлучија за филипинскиот филм кој трае безмалку четири часа и кој преставува приказна за една жена која по цели 30 години се враќа од робија за злочин кој не го направила.

Режисерот Лав Дијаз (роден во 1958 година) е еден од најособените и најмалку популарните култни режисери на современиот филм. Како режисер започнува да работи од крајот на 90 тите години , а пред да го добие Златниот лав веќе има освоени неколку споредни награди на фестивалите во Берлин и Венеција како и Златниот леопард, главната награда на фестивалот во Локарно, за филмот „ Што беше порано“ во 2014 година.Иако е наградуван , а меѓу пробирливите филмофили има и култен статус, сепак Лав Диаз надвор од фестивалите е многу малку дистрибуиран и прикажуван , пред се’ заради ексцентричната должина на неговите филмови.

Неговиот победнички филм „ Жената која си отиде“ трае точно 226 минути и спаѓа во редот на неговите најкратки филмови.За споредба, неговиот филм „ Приспивна за тажната тајна“ кој во Берлин ја освои Сребрена мечка трае 8 часа и 5 минути, а неговиот донеодамна најпознат филм „ Смрт во земјата Енкантос“ трае дури 9 часа. Станува збор за филмот кој во 2007 година исто така доби награда во Венеција во секцијата Хоризонти, а во едно кино во Кан , бил прикажуван цела ноќ. На гледачите кои останале до крајот на проекцијата на филмот , утрото по проекцијата на филмот добиле топла супа од кромид.

Диаз прави и документарни и играни филмови , по правило во црно бела техника, кои ги карактеризира спориот ритам во дејствието и ритуализираното повторување на честопати слично кадрирани сцени со варијации. Тој е типичен преставник на смерот во светскиот филм кој британскиот критичар Џонатан Ромни го иманувал како „спор филм“.

Меѓутоа , Лав Диаз не е апстрактен експериментатор. Неговите филмови честопати се мошне политични. Мошне често се занимава со класните противречности на сиромашните Филипини, а неговиот предпоследен филм „ Приспивната за тажната тајна “ преставува патриотска епопеја за борбата на филипинците против шпанската колонизација. Треба да се истакне и тоа дека Диаз , и покрај тоа што неговите филмови се екстремно долги, тој е неверојатно продуктивен автор: од 2001 година до денес снимил осум филмови.

mos 2

И другите награди кои ги додели годинешното жири , им припаднаа на ексцентрични и провокативни филмови.

Така,втората награда , Сребрениот лав или Големото признание на жирито , му припадна на познатиот моден дизајнер од САД, Том Форд за својата втора режисерска работа „ Ноќни животни“кој преставува уште една приказна за горчливата одмазда.Главните улоги во филмот ги толкуваат Ејми Адамс и Џејк Џиленхол.

mos 3

„Сребрениот лав “ за режија , жирито оваа година одлучи рамноправно  да им ја додели на двајца контрасни режисери:русинот Андреј Кончаловски за филмот кој преставува  приказна за холокаустот , именуван како „ Рај“, и на режисерот Амант Ескаланте од Мексико за филмот „ Нескротливите“, провокативна приказна за секс со вонземјено суштество со пипци, скриено во една кабина.

Уште еден шокантен филм доби специјална награда од жирито. Се работи за американскиот хорор филм „ Лошата група“ на режисерката Ана Лили Амирпур.Во оваа шокантна канибалистична љубовна приказна настапуваат Џим Кери и Кијану Ривз.

mos 4

Наградата „ Копа Волпи “ за најдобра женска улога и припадна на американската актерка Ема Стоун за улогата во мјузиклот „ Ла ла ланд“со кој беше отворен годинешниот фестивал во Венеција, филм кој е посветен на златното доба на американските мјузикли  а е поставен во денешен Лос Анџелес.

mos 5

Наградата за најдобра машка улога отиде во рацете на аргентинецот Оскар Мартинез за неговата улога во филмот „ Почитуваниот граѓанин“ , каде тој игра лик на циничен автор добитник на Нобеловата награда кој се враќа во својот роден град по 40 години за да ја прими плакетата за почесен граѓанин.

mos 6

Младата германска актерка Паола Биер ја освои наградата „ Марчело Мастројани“ за најдобар млад актер за нејзината улога во филмот „ Франц“кој преставува драма од Првата светска војна ,која како режисер ја потпишува францускиот режисер Франсоа Озон.

mos 7

Наградата за најдобро сценарио ја доби Ноел Опенхајм за биографскиот филм „ Џеки“ кој говори за Жаклин Кенеди чиј лик го толкува актерката Натали Портман.

mos 8

На годинешниот фестивал организаторите доделија две почесни награди„ Златен лав“ за животно дело. Едниот му беше доделен на полскиот режисер Јиржи Сколимовски уште на денот на отворањето на фестивалот (на 31. Август) а вториот една недела подоцна ( изминатиот четврток, на францускиот актер Жан Пол Белмондо.

„ Никогаш не размислував за минатото, туку само да одам напред, напред и напред„рекол Белмондо по доаѓањето во Венеција и додал дека е среќен и почествуван што го добил Златниот лав за животно дело.Белмондо кој имма 83 години , како што е познато , во 2001 година доживеа мозочен удар но и понатака е активен и покрај последиците од ударот.

Негови најпознати филмови се: „ До последен здив„, „ Професионалец“, „ Борсалино“и „ Човекот од Рио“.

mos 8 a

Оваа година натпреварувачката програма заврши со прикажувањето на филмот на Емир Кустурица „ На млечниот пат“ закого во венеција имало голем интерес. Италјанските и светските медиуми имале позитивни критики за филмот на Кустурица во кој главните улоги ги толкуваат Емир Кустурица, Моника Белучи,Предраг Мики Манојловиќ, Слобода Миќаловиќ но и неколку актери од Македонија : Петар Мирчевски,Ратка Радмановиќ и Бајрам Северџан.

Кустурица беше споменуван како еден од фаворитите во трката по златниот лав, но на крајот тој ја доби наградата „ Млад златен лав“. Оваа награда ја доделува жири составено од млади. Интересно е да се каже дека на пемиерното прикажување на филмот , изминатиот петок, публиката аплаудирала повеќе од 15 минути по проекцијата на филмот на Кустурица.

Сепак ,најголема прашина околу Кустурица се дигна  по интервјуто на познатиот актер Жерар Депардје објавено во италјанската „ Република“ во кое тој со навредливи зборови говори за Кустурица на што тој исто така не беше воопшто „ галантен“ кон голема француска филмска ѕвезда.

И така ,заврши уште едно издание на најстариот филмски фестивал во светот кој во последните години на својата програма презентира филмови кои стануваат главни кандидати во трката по Оскарите. Дали тоа ќе се случи и со некој од филмовите од годинешната селекција , ќе дознаеме наскоро.

 mos 9

               ФЕСТИВАЛ НА АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ ВО ДОВИЛ – НАГРАДИ

Во Франција кон крајот на календарското лето  четириесетина години наназад во монденското летувалиште Довил, градче со 4000 жители,се одржува фестивал на американскиот филм.Оваа година тој се одржа во периодот помеѓу 2 и 11 септември по 42 пат. Фестивалот заврши во неделата со доделување на наградите.

 На фестивалот се доделуваат неколку награди . Најважната од сите нив е Големата награда ( Гран при). Од 1995 до 2007 наградата била именувана како Специјална Гран При награда на Довил а од 1998 и 1999 Гран При награда на независниот американски филм.Тука е и наградата на жирито, наградата на публиката , награда на интернационалната критика.

mos 10

Председател на годинешното жири кое одлучуваше за наградите беше предводено од режисерот и писателот Фредерик Митеран а во жирито учествуваа уште седум членови , познати актери и режисери.

Во трката по големата награда на жирито –Гран при , се натпреваруваа 13 филмови од најновата американска продукција.

mos 12

Главната награда-наградата Гран при му припадна на филмот „ Малечкиот човек“ на режисерот Ира Саш.

Наградата на жирито ја споделија два филма: „Капетанот Фантастик“ на режисерот Мет Рос, кој ја доби и наградата на публиката, и „ Кучето Виенер“ на режисерот Тод Солонц.

Наградата на критиката му припадна на филмот„ Вклопување“ на режисерката Ана Роз Холмер.

На годинешниот фестивал во Довил на тројца американски автори им беше оддадена посебна почит. Освен признанија за нивната досегашна работа  во рамките на фестивалот беа прикажани и филмови од нивното творештво. Со ваква чест беа удостоени актерите Стенли Тучи и Џејмс Франко како и познатиот режисер на документарни филмови Мајкл Мур.

mos 13

Фестивалот во Довил се одржува такаречи паралелно со фестивалот во Венеција што за организаторите на оваа манифестација преставува олеснителна околност во Довил да ги донесат такаречи сите американски филмски ѕвезди кои предходно биле гости на фестивалот во Венеција.А во Довил во изминатите 40 години такаречи не постои филмска ѕвезда која не гостувала во ова монденско летувалиште.

Оваа година покрај актерите на кои им беше укажана посебна почит, во Довил присуствуваа и повеќе познати актери чии филмови беа прикажани на фестивалот Како:Винсент Ландон, Даниел ретклиф, Александер Скарскаг, Мајкл Пења и многу други.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 74
Share
Previous Post

Компилациско ЦД на Нечовски, Рашити и Караливески „Животот низ песна“

Next Post

НУ. Центар за култура „Григор Прличев“ распиша конкурс за Најдобра поема на македонски за 2016 г

Next Post

НУ. Центар за култура „Григор Прличев“ распиша конкурс за Најдобра поема на македонски за 2016 г

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 74

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk