• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

78.Меѓународен филмски фестивал Венеција

август 27, 2021
in Филмољубие
78.Меѓународен филмски фестивал Венеција

Изминатата година за време на пандемијата од корона вирусот , филмскиот фестивал во Венеција, беше еден од ретките кој се одржа со физичко присуство на публиката со примена на сите пропишани протоколи за заштита од вирусот кои беа пропишани од владата на Италија. Ако притоа се спомене дека токму Италија беше една од најтешко погодените земји од пандемијата , одлуката фестивалот да се одржи беше мошне храбар потег од страна на организаторите на овој најстар филмски фестивал под раководство на директорот на фестивалот Алберто Барбера.

Годинешното 78. издание на фестивалот започнува во среда на 1.септември ќе трае до 11.септември се разбира повторно со примена на сите заштитни мерки пропишани од здраствените органи на Италија меѓу кои и оној најважниот :покрај влезниот билет сите повозрасни од 12 години ќе треба да покажат важечки сертификат за вакцинација.

ven 2ven 3

Домаќинка на годинешната церемонија на отворањето и затворањето на фестивалот ќе биде италијанската филмска актерка , пејачка и телевизиска водителка, Серена Роси.По свечената церемонија на која се очекува да му биде доделена наградата Златен лав за животно дело на италијанскиот актер и режисер Роберто Бењини ќе биде прикажан шпанскиот филм „Паралелни мајки“ на режисерот Педро Алмадовар кој е дел од натпреварувачката програма.

Во рамките на годинешниот фестивал ќе бидат прикажани вкупно 92 филмови кои се распределени во повеќе програми.

Главната натпреварувачка програма содржи вкупно 21 филм кои ќе се тркаат по главната награда Златен лав, но тука се и останатите награди кои ги доделува жирито а тоа се:Големата награда на жирито, Специјалната награда на жирито,Сребрен лав за најдобра режија, Пехар Волпи за најдобра машка и женска улога и награда Марчело Мастројани за најдобар млад филмски творец.

M7YKLABIXBEG7GW6MH3ZDYA5VA

Годинешното жири е предводено од председателот на жирито – јужнокорејскиот режисер и сценарист Бонг Џун – хо како прв режисер од Јужна Кореа кој седнал на столот на првиот поротник на овој фестивал.

Членови на жирито се уште и Саверио Костанцо, италијански режисер и сценарист, Вирџинија Ефира, белгиска актерка, Синтија Ериво, британска актерка и пејачка,Сара Гадон, канадска актерка, Александар Нанау, романско- германски режисер на документарни филмови и Клое Жао, кинеско американска режисерка и сценаристка.

Еве кои филмови ќе се натпреваруваат по наградата Златен лав :

ven 1

АМЕРИКА ЛАТИНА – Италијански филм во режија на браќата близнаци  Дамијано и Фабио Д’Иноченцо.Ова е нивен трет заеднички филм како режисери . Досега два пати се наградени на фестивалот во Берлин.Филмот со кој се натпреваруваат за прв пат во Венеција преставува драма во која главната улога ја толкува Елио Германо.

ДРУГ СВЕТ – француски филм ,драма, во режија на Стефан Бризе во кој главните улоги ги толкуваат:Ентони Бајон, Марк Дракер, Сандрин Киберлин и Винсент Линдон.

КУТИЈАТА – мексиканско американска копродукција во режија на Лоренцо Вигас

КАПЕТАНОТ ВОЛКОНОГОВ ИЗБЕГА – руски филм во режија на Алексеј Чупов и Наталија Меркулова. Се работи за филм кој говори за капетанот за национална безбедност (НКВД) Федор Волконогов , во позадината на политичките прогони во 1938 година во СССР.

БРОЈАЧ НА КАРТИ- американски филм во режија на познатиот Пол Шредер во кој настапуваат Оскар Ајзак, Тифани Хадиш, Тај Шеридан, Вилијам Дафо… Се работи за крими драма која говори за еден воен иследник кој ќе биде притворен од страна на коцкари кои се прогонувани од духовите на неговите минати одлуки.

ИЗРОДИ НАДВОР – италијанско белгиска историска драма за четворица пријатели чие дејствие се случува за време на Втората светска војна. Режисер на филмот е Габриеле Манети а главните улоги ги толкуваат : Клаудио Сантамарија и Пјетро Кастелито. Филмот требало да биде прикажан уште изминатата година но заради пандемијата двапати било одлагано неговото прикажување за конечно да биде прикажан на фестивалот во Венеција.

БОЖЈАТА РАКА – италијански филм , драма, во режија на Паоло Сорентино еден од најнаградуваните италијански режисери кој досега има освоено две награди на фестивалот во Венеција. Филмот говори за едно момче од Неапол во бурните 80 ти години од изминатиот век. Главните улоги во филмот ги толкуваат Филипо Скоти, Тони Сервило, Луиза Раниери и други.

Интересно е да се спомене дека во јули 2020 година, адвокатот на Диего Марадона сакал да поднесе тужба против филмот заради неговото име, бидејќи тоа е референца за голот на Марадона на Светското првенство во 1986 година кога постигна гол со рака против Англија ,а за користењет на името не добиле дозвола.Сепак , компанијата Нетфликс изјави дека филмот не е спортски ниту пак филм за Марадона, туку тоа е лична приказна инспирирана од младоста на режисерот и сценаристот , оскаровецот Паоло Сорентино.

СЕ СЛУЧУВА- француски филм во режија на Одри Давин во кој настапуваат Анамарија Вартоломеи и Лујна Бајрами од Косово која прави успешна кариера во Франција.

Дејствието на филмот се случува во 1963 година и говори за Ана, млада студентка која забременува а која сака да ги заврши студиите.Како што се приближуваат нејзините последни испити така расте нејзиниот стомак кој ја принудува да се соочи со срамот и болката од абортусот, дури и ако мора да ризикува затвор за да го стори тоа.

ЈАМА (ДУПКА) – италијанска драма во режија на Микаланџело Фрамертино кој говори за бездната Бифурто длабока 700 метри која се наоѓа во пештерите на планинскиот масив Полино во јужна Италија која е откриена во 1961 година.

НЕ ОСТАВАЈ ТЕ ТРАГИ – полско , француско , чешка копродукција во режија на Јан П. Матушински. Приказната на оваа драма се врти околу смртта на Гжегорж Прежмик за време на воената состојба во Полска во 1980 тите .

ven 1a

ИЗГУБЕНАТА ЌЕРКА – грчко американска копродукција во режија на Меги Џиленхол. Филмот преставува драма која е снимена според романот на Елена Феранте и ја раскажува приказната за една жена која додека е на летен одмор во Грција е опседната од една друга жена и нејзината ќерка , поттикната од спомените на нејзиното рано мајчинство.

Главните улоги во филмот ги толкуваат : тазе оскаровката Оливија Колман,Џеси Бакли, Дакота Џонсон, Питер Сарсгаг, Ед Харис и други.

ИЗГУБЕНИ ИЛУЗИИ- француски филм , драма, темелена врз дело на Оноре Де Балзак а во режија на Ксавиер Џаноли. Во филмопт настапуваат: Бенџамин Воазин, Ксавер Долан, Сесил Де Франс, Жерар Депардје , Жан Билабар и други.

МОНА ЛИЗА И КРВАВАТА МЕСЕЧИНА – американски научно фантастичен филм во режија на Ана Лили Амирпур во кој настапуваат : Кејт Хадсон, Крег Робинсон и Еван Вајтен.

ОФИЦИЈАЛЕН НАТПРЕВАР- шпански филм во режија на Гастон Дупрат и Маријано Кон.

Во оваа комедија со драмски елементи настапуваат : Антонио Бандрерас, Пенелопе Круз и Оскар Мартинез.

Еден богат бизнисмен ангажира познат филмаџија за да му помогне во снимањето на еден филм.

НА РАБОТА 2 : ОСУМТЕМИНА ИСЧЕЗНАТИ – филипински филм во режија на Ерик Мати кој преставува продолжение на филмот „На работа“ од 2013 година.

ПАРАЛЕЛНИ МАЈКИ – шпански филм во режија на Педро Алмодовар во кој настапуваат : Пенелопе Круз, Ајтана Сачез- Хихон…

Две жени се наоѓаат во болничка соба каде што ќе се породат. И двете се немажени  и останале бремени случајно. Џенис, средовечна, не жали заради тоа и е радосна. Другата, Ана, адолесцентка, е исплашена, се кае за бременоста и  е трауматизирана. Џенис се обидува да ја охрабри додека се движат како месечари по болничките ходници. Неколкуте зборови што тие ги разменуваат во тие часови ќе создадат многу тесна врска помеѓу нив, врска која случајно се развива и станува комплицирана, менувајќи ги нивните животи на одлучувачки начин.

МОЌТТА НА КУЧЕТО- филмот е во режија на австралиската режисерка Џејн Кемпион и преставува копродукција помеѓу Англија, австралија, САД, Канада и Нов Зеланд.

Филмот е снимен според истоимената книга на Томас Севиџ. Во филмот настапуваат : Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст и Џеси Племонс. Тоа е приказна за двајца браќа која ќе им ги промени животите кога еден од нив ќе ја донесе својата жена и нејзиниот син.

СЕГА СЕ СМЕАМ – италијанско шпанска копродукција во режија на Марио Мартоне . Во оваа биографска драма за актерот и драматургот Едуардо Скарпета главните улоги ги толкуваат : Тони Сервило, Марија Национале  и други.

РЕФЛЕКСИЈА – украински филм на режисерот Валентин Васјанович кој говори за Серхиј, украински воен хирург, кој е заробен од руските воени сили во 2014 година  за време на една од битките во руско украинската војна во источна Украина.Главниот лик го толкува актерот Роман Луцки.

СПЕНСЕР – американско ,англиско , германско чилеанска копродукција во режија на Пабло Ларан . Во овој биографски филм за принцезата Дијана од Велс, дејствието се случува во 1991 година за време на Божиќните празници со кралското семејство во куќата на Сандрингам во Норфлок, кога Дијана одлучува да стави крај на бракот со Чарлс ,принцот од Велс.

Ликот на Дијана го токлува актерката Кристен Стјуарт. Во филмот настапуваат уште и Тимоти Спал, Шон Харис, Сали Хокинс и други.

ЗАЈДИСОНЦЕ – Мексиканско , француско шведска копродукција во режија на Мишел Франко. Еден богат човек се обидува да го напушти своето семејство додека се на одмор.

Главните улоги во филмот ги толкуваат : Тим Рот и Шарлот Генсбург.

Програмата „Надвор од конкуренција “ е поделена во два дела . Во првиот дел каде се сместени играните филмови ќе бидат прикажани девет филмски остварувања а во вториот дел за документарни филмови ќе бидат прикажани осум документарни филмови кои доаѓаат од Италија, Франција и САД.

ven 4

Меѓу нив ќе биде прикажан и документарниот филм „Енио – маестро“ во режија на Ѓузепе Торнаторе. Овој долгоочекуван документарецод 90 минути преставува сеопфатен портрт на легендарниот композитор Енио Мориконе , еден од највлијателните и најплодните музичари на дваесетиот век, добитник на два Оскари и композитор на над 500 незаборавнни музики за филм.

Во првиот дел има неколку играни филмови кои се очекува да привлечат големо внимание кај публиката.Еве некои од нив:

 

ven 5

ДИНА (прв дел)- на режисерот Денис Вилнев во кој настапуваат Тимоте Шаламет, Ребека Фергусон, Оскар Ајзак, Џош Бролин , Стелан Скарскаг, Хавиер Бардеми други . Се работи за научно фантастичен филм кој одамна беше најавуван како супер спектакл. Тој премиерно требаше да биде прикажан изминатата година на 20. ноември потоа премиерата беше презакажана заради пандемијата за 18. декември 2020 за конечно да биде најавена за 21 октомври оваа година. Во Венеција ќе ја доживее својата светска премиера.Инаку ова е еден вид римејк на филмот „Дина“ од 1984 година во режија на Дејвид Линч.

НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ УБИВА -на режисерот Дејвид Гордон Грин.Филмот преставува продолжение на филмот „Ноќта на вештерките“од 2018 година. Ова е инаку 12 филм од франшизата „ Ноќта на вештерките“ Главните улоги во филмот ги толкуваат Џејми Ли Кертис , Џуди Грир и Вил Патон.Филмот ќе биде прикажан во чест на актерката Џејми Ли Кертис на која на 8.септември ќе и биде врачен Златниот лав за животно дело.

ПОСЛЕДНИОТ ДУЕЛ – историски спектакл во режија Ридли Скот  кому на фестивалот ќе му биде врачена наградата Картие. Во филмот главните улоги ги толкуваат Бен Афлек и Ридли Скот.

СКРИЕНОТО ДЕТЕ- италијански филм во режија на Роберто Анде.Со овој филм ќе биде затворен годинешниот фестивал во Венеција. Филмот говори за еден наставник по пијано кој живее во работничко предградие. Тој на едно 10 годишно момче ќе му дозволи да се сокрие од неговото семејство во неговиот стан.Главните улоги во филмот ги толкуваат Силвио Орландо и Ѓанфеличе Импарато.

Scenes from a Marriageven 8

Во рамките на фестивалот ќе биде прикажана и американската Тв серија „Сцени од бракот“ . Се работи за мини серија од пет епизоди во режија Хагај Леви во која настапуваат Оскар Ајзак и Џесика Честејн. Се работи всушност за римејк на истоимената шведска мини серија во режија на Ингмр Бергман.

Освен програмата на кратки филмови и програмата филмски класици (каде се прикажуваат реставрирани филмски класици), тука е и мошне интересната програма „Хоризонти“во која ќе  бидат претставени 19  филмовите кои ги претставуваат најновите трендови во меѓународната кинематографија на млади таленти.

ven9

И оваа програма е од натпреварувачки карактер и се одржува паралелно со натпреварувачката програма. Програмата има  посебно жири чиј председател, оваа година , е босанската режисерка Јасмила Жбаниќ чиј филм „Кво вадис , Аида?“ беше прикажан на минатогодишниот Венециски фестивал.

ven7

Меѓу филмовите од оваа програма , се наоѓа и филмот „Вера соништа за морето“на режисерката Калтрина Красниќи од Косово на која ова и е дебитантски игран филм.Филмот преставува копродукција помеѓу Албанија , Косово и Северна Македонија.

Филмот ја раскажува приказната за Вера која е преведувачка на знаковен јазик од средна возраст, чиј живот е нарушен по самоубиството на нејзиниот сопруг. Таа сега мора да се соочи со суровата реалност и да се спротистави на длабоко вкоренетите родови прашања во нашето време.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Теута Ајдини, Алкета Силај и актерот од Тетово – Рефет Абази.

Фестивалот завршува на 11 септември  со прогласувањето на најдобрите.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 96
Share
Previous Post

Со целодневен престој во Црвена Вода, заврши Третиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

Next Post

Нов музички пробив во светот на DJ Nasty Deluxe од Охрид

Next Post
Нов музички пробив во светот на  DJ Nasty Deluxe од Охрид

Нов музички пробив во светот на DJ Nasty Deluxe од Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk