• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

80 ГОДИНИ ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЗА СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО НАШАТА ДРЖАВА

август 2, 2024
in Актуелно
80 ГОДИНИ ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЗА СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО НАШАТА ДРЖАВА

Јазикот на Првото заседание на АСНОМ е македонскиот јазик. Создавајќи ја македонската држава, АСНОМ особено го истакна и постоењето на македонскиот јазик како клучен елемент на постоењето на македонската нација.

Народноослободителната борба (1941 ‒ 1944) на македонскиот народ на широк фронт ја прифати „брзината“ за разработка на македонскиот литературен јазик, поттикната од Крсте Мисирков во времето по првиот Илинден (1903 г.), а АСНОМ ја озакони во една реченица: „Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“. Така, имено гласи едно од решенијата донесено точно пред 80 години, на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 г. во манастирот Прохор Пчински.

Со овој чин, неповторлив во историјата, низ сите свои решенија, АСНОМ ја осветли македонската културна преродба, го продолжи патот на македонските Илинденци што ја основаа Крушевската Република, ги озакони историските права на македонскиот народ заложени уште од Свети Климентово и цар Самуилово време, меѓу нив, особено нагласено, и правото на свој народен македонски литературен јазик во сите сфери на јавната употреба.

Во времето на првиот Илинден македонскиот јазик се постави врз современите јазични теории за литературните јазици, а меѓу првите ги применува Крсте Мисирков. Само четири децении подоцна, највисокото законодавно тело, АСНОМ, едногласно го озакони македонскиот јазик како службен во македонската држава. А меѓу делегатите највозрасните беа соврсници на Мисирков, а најмладите беа од генерациите на Блаже Конески и Ацо Шопов.

Во годините спроти и особено во времето на НОБ, најголемиот дел од писмената продукција на македонски јазик „носи по себе карактер на антифашистички манифест“, а во Манифестот на АСНОМ доаѓа до израз јазичната енергија на македонскиот јазик акумулирана низ македонската револуционерна борба. Притоа, постепено се збогатуваа функциите на македонскиот јазик, меѓу нив и оние содржани во државнотворечките акти на АСНОМ.

И во период не подолг од една година, низ одделни комисии и тела оформени од Президиумот на АСНОМ се донесоа и се прифатија неопходните резолуции за кодификација на македонскиот литературен јазик и правопис.

Со тоа се остварија вековните стремежи на македонскиот народ за свој литературен јазик и се зацврстија основите на македонската држава.

Нека ни е честит и вековит денешниот празник!

Катедра за македонски јазик

Филолошки факултет „Блаже Конески“

Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје

Публицитет.мк

Посетеност: 184
Share
Previous Post

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ПЕРО И МЕЧ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

Next Post

33 полициски кадети, добија договори за вработувања во СВР Охрид

Next Post
33 полициски кадети, добија договори за вработувања во СВР Охрид

33 полициски кадети, добија договори за вработувања во СВР Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 184

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk