Аудио расказ, чита Марија Кондовска
Антон Павлович Чехов е претставник на рускиот натурализам. Роден е во Таганрог на брегот на Азовското Море, во ситнотрговско семејство. Татко му сосема пропаднал, па тој моралсам да се издржува со давање часови, за да ја заврши гимназијата. Потоа оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии. Тогаш започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците. Во 1887 година ќе објави избор од најуспешните куси раскази „Во самраците“. Потоа, во период од седум години, објавува пет збирки куса проза и пишува драми.
Негови најпознати новели се: „Степа“, „Павиљон бр.6“ и драмите:„Галеб“, „Вујко Вања“, „Три сестри“ и „Вишновата градина“.
Прозно творештво