Со новата Allroad изведба засега е познато дека ќе бидат опфатени Focus и Mondeo, додека за третиот сеуште не е официјално потврдено.
Според новите истражувања на Ford се покажало дека Allroad моделите односно коросовер караваните бележат огромен интерес и раст на продажбата, а тоа за нив значи сектор во кој можат да остварат поголема заработувачка. Па поради овие податоци, американската фирма се одлучила да инвестира во овие модели.
Поточно во наредните три години Ford планира да претстави три Allroad модели, а како модели кои најверојатно ќе бидат опфатени на овој чекор засега е познато за караванската изведба на Focus и Mondeo. Со тоа Focus Allroad како директен конкурент на пазарот би го имал Skoda Octavia Scout, а додека Mondeo Allroad би бил ривал со Volkswagen Passat Alltrack.
За третиот модел на Ford сеуште е во тајност и не се изнесени информации, но според информациите од Ford во кои велат дека третиот модел може и да не биде во караванска изведба, се претпоставува дека тоа може да биде и моделот на Fiesta со што како директен ривал би го имал VW Polo Alltrack.
Извор: www.rpm.mk