
Љубовта не е емоција, туку фундаментална потреба како храната и топлината.
Комбинирајќи ги невропсихолошките методи, користејќи ги методите на скенирање на мозокот и анкетирајќи ги луѓето кои ја доживувале заљубеноста, д-р Хелен Фишер (антрополог) даде нови погледи за љубовта: кога сте заљубен, одредени подрачја во мозокот „светнуваат“ поради зголемениот проток на крв. Заклучила дека страста е впишана во мозокот со милиони години. Љубовта не е емоција, таа е фундаментална потреба, подеднакво моќна како гладта диригирана со невротрансмитери и хормони. Основните човекови потреби не можат да се контролираат. Не е можно да се кочи или да се пренасочи гладта или жедта. Тешко е да се кочи мајчинскиот инстинкт. И тешко е да се контролира желбата некој да се сака. Водата ни треба. Ни треба и храната. Топлината ни треба. И љубовникот во нас треба да биде сакан.
Восхитувањето што го чувствуваме кога ќе се заљубиме е резултат на зголеменото ниво на допаминот и на норепинефринот, а ниското ниво на серотонинот може умот да ни го насочи кон опсесија. Основните карактеристики на заљубеноста се: губење чувство за себе, нашите ѕидови станаа пропусливи, таа особа врши инвазија, но тоа е пријатна окупација. Потоа следуваат промени на расположението: екстаза, ако работите одат добро, но ако не го слушнете по телефон или ако не ви одговори на маилот, ве обзема очајание. Најважната карактериситка за заљубеноста: опсесивно размислување за таа особа.

Не постои еден единствен
Мислите дека сродната душа Ви избега низ прсти? Полека! Светот е полн со мажи што можат да бидат оној вистинскиoт. Како се станува повозрасен, се менуваат и очекувањата и се формира сликата за мажот со кој сакаме да бидеме. Идејата за оној вистинскиот, и додека смртта не нè раздели, е резултат не на биолошката еволуција, туку на општествениот договор на кој се согласуваме под императивот на материјалното. Луѓето, највероватно, се еволуциски програмирани да бидат немирни во долгите врски. Ама, во денешно време, кога се прекинува, не може тукутака да си ги собере работите и да си оди: се има заеднички автомобил, заедничка куќа, кредити…
Животниот век ни е сè подолг и сме предодредени да се заљубиме неколкупати во животот. Не сме создадени да бидеме среќни, туку да се репродуцираме. Среќата што ја добиваме на оваа планета не е онаа што ни е наменета, туку онаа на која работиме.
Секој од нас кога легнува си размислува како да ја најде и да ја задржи љубовта. В кревет сме со мажот со кој живееме, а истовремено негуваме занесеност кон некој маж што случајно ни влегол во животот и се забавуваме со сексулани фантазии во својата глава. Верувајте дека сите, ама токму сите, флертуваат. Сите имаат некои посебни пријатели. Но тоа би било добро да остане само на флертување. Нашиот мозок може симултано да чувстува длабока поврзаност со една особа и лудо да се заљуби во друга. Играта на парење, што цел живот ја играме, е најголемата и најфасцинантна игра: победата или поразот ќе одредат чии гени ќе станат вечни.
Животните се биолошки присилени да пронајдат партнер пред да им почне сезоната за парење и затоа морале да научат да реагираат на моменталната привлечност. Бидејќи и нашите мозоци се слично измрежени, и луѓето се способни молњевито да реагираат на привлечноста, на говорот на телото и на компатибилноста. И затоa постои љубов на прв поглед.
Познато ви е дека, кога сте лудо заљубени, сакате партнерот да го држите со внимание 24 часа на ден. Но тоа треба да се контролира. Зошто? Истражувањата покажале дека за времето што се поминува раздвоено се зголемува произвотството на љубовната хемија во мозокот, како што е допаминот и норепинефрин. Затоа не е голема штета да не излезете со него во четврток, ако сте се виделе во среда, односно партнерот држете го на пристојна дистанца. Паровите што имаат добра, долга квалитетна врска се оние што својот брак или својата врска ја доживуваат како една од најважните животни проекти. Значи, врската да биде успешна и задоволителна за двата партнера треба на неа да се работи.

Дали е љубовта емоција?
Сите ќе одговорите дека е! Истражувањата на д-р Хелен Фишер открила дека љубовта стимулира делови од мозокот што се поврзани со фокусирањето на мотивацијата и со потребата да добиеме награда, како што е храната, сексот, за разлика од потполно спротивни центри, како што е среќата или тагата. Ако почувствува префронталнот кортекс (дел од мозокот зад челото) дека не ја добил очекуваната награда, клетките посилно ќе работат и ќе пумпаат повеќе допамин, така што ќе почувствува поголема мотивација, поголема екстаза.
Токму поради тоа што љубовта ја доживувате како нешто што ве тера да дојдете до целта, кога има препреки на патот до нејзиното остварување (како Ромео и Јулија), повеќе ќе се трудите и вашата љубов ќе е посилна. Сега е јасно зашто се мотивирате за освојување на тој посебен еден единствен за кој срцето побрзо ви чука.
Љубовта во нашиот мозок предизвикува реакција како и: алкохолот, никотинот или морфиумот, сè поради допаминот. Ако го пробате кокаинот во сабота навечер, не можете да го дочекате наредниот ден и тогаш ќе се најдете во состојба дрогата да ви е потребна секој ден. Слично е и со романтиката. Прво ќе го видите во сабота навечер, потоа не можете да дочекате да ве повика. Уште не сте се ни свртиле, а веќе си велите: „Те сакам, не можам да живеам без тебе“.
Потоа следува апстиненциска криза. Кога некој ве остава, чувствувате очај. Ќе слушнете некоја песна на радио што ве потсетува на него и не можете да се контролирате, туку веднаш го повикувате. Затоа, поради таа екстаза, што оди рака под рака со љубовта, го посакуваме друштвото од тој што го сакаме. Значи, заљубеноста создава зависност.
Честопати се смета дека жените брзаат во љубовта, а всушност тоа го прават мажите. Машкиот мозок побрзо реагира на визуелните дразби. Кога маж гледа жена од која му се палат моторите, проработува импулс специфичен за машкиот мозок. Веројатно ваквата визуелна мрежа во мозокот на мажот се развила пред милион години зашто мажите морале да ја проценат жената според карактерите што укажувале дека е способна да раѓа здрави деца. Таквата потенцијална мајка изгледала здрава, силна и среќна.
Кај заљубените жени се активираат неколку подрачја од мозокот поврзани со меморија. Со милиони години жените морале да бараат некого кој ќе им помогне да ги гледа децата, а тоа е најтешката работа на светот. Ниту еден животински вид нема така долготрајно и комплексно мајчинство. За да успеат во тоа, не можеле да се поткрепат само на првиот визуелен впечаток. За да можат да оценат дали е тој маж способен да убие бивол и да го подели месото со неа и со децата, жените развиле способност на меморирање на тоа што нивниот маж рекол пред три недели или пред една година. И затоа жените паметат, а тоа двата пола ги доведува до лудило. Според тоа, мажите се заљубуваат побрзо од жените.
А кога ќе се почувствувате несреќни, излезете што побрзо од таа врска. Најдете некој со кој можете да имате добра врска, па потоа одржувајте ја чувајќи ја љубовта. Не викајте го, не пишувајте му, бидејќи така ќе ја зголемите својата потреба за допаминот.
Запомнете, нормална особа сте и преживувате сосема нормална работа, само што е сурово болна.
Следна недела: Простувајте.

Пишува
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк






